Вистинската личност за ова работно место – живее и диши на социјалните мрежи како Facebook, Twitter и Instagram. Специјалистот за дигитални комуникации ќе биде одговорен за дигиталните активности на дел од нашите клиенти кои веќе имаат силно присуство на дигиталните медиуми.
Работни обврски и одговорности
– Креирање на годишни стратегии за дигитални комуникации и нивна реализација
– Креирање на комуникациски планови и развој на содржина за социјални мрежи
– Менаџирање со онлајн заедници на социјални мрежи
– Мониторинг, анализа и мерење на перформанси на активностите реализирани преку комуникациските канали
– Креирање извештаи
Потребно знаење и вештини:
– Реално искуство со планирање, менаџирање и реализација на дигитални иницијативи
– Познавање на медиумски стратегии и медиумските улоги во интегрираните комуникации
– Одлични комуникациски и аналитички способности
Искуство/образование:
– 2+ години работно искуство
– Завршено високо образование (предност маркетинг, новинарство, е-бизнис)
– Искуство со социјалните мрежи Facebook, Тwitter, Instagram, YouTube
– Искуство со пишување и уредување содржини за дигитални медиуми
Доколку си подготвен да помогнеш нашите клиенти да добијат најмногу од тоа што го создаваме и да учествуваш во возбудата која ја креираме, тогаш би сакале да те видиме. Те молиме да ни испратиш:
– Твоето резиме
– Релевантни дипломи, сертификати и писмо со препораки (доколку ги имаш)
Огласот е отворен до 15.12.2014 година.
Само избраните кандидати кои ги исполнуваат условите ќе бидат контактирани и повикани на интервју.
За Кајгана Медиа
Основана од пионерите на онлајн медиумите и дигиталниот маркетинг во Македонија, Кајгана Медиа е водечка компанија за дигитален маркетинг и онлајн медиуми на македонскиот пазар. Нашиот пристап и организациската култура се водат од принципите на секоја успешна дигитална стратегија: искреност, отвореност и посветеност. Нашето широко портфолио на услуги покрива развој на дигитални стратегии, дигитални комуникации, креативни решенија за дигитални кампањи, менаџирање со заедници на социјални мрежи, мониторинг на социјални мрежи, консалтинг, развој на веб и мобилни апликации, креирање содржини, фото и видео продукција.