Тимот за јавни работи на ЕАСА (Европската асоцијација на здруженија за пазарни комуникации) подготви ексклузивен водич кој нуди преглед на тоа како Европскиот акт за пристапност (European Accessibility Act – ЕАА) влијае врз агенциите и како усогласеноста со прописите може да стане можност за дополнително зајакнување на довербата и инклузивното лидерство.
За да им помогне на агенциите подобро да разберат и полесно да се снајдат во сите овие промени, ЕАСА разви Стратешки водич за усогласеност, специјално прилагоден за професионалците во сферата на комуникациите. Овој практичен ресурс нуди преглед на клучните барања, правната рамка и стандардите за дизајн што е важно да се познаваат. Исто така дава конкретни насоки како да се обезбеди пристапност низ целото времетраење на една кампања – од брифингот и разработката на идејата, до продукцијата и испораката.
Што е вклучено во водичот?
- кои се опфатени со овој акт и на кој начин
- практични совети за поддршка на клиентите во постигнувањето усогласеност
- стратешки причини зошто е важно да се предводи во инклузијата
Ексклузивниот EAA Strategic Compliance Guide е изработен според реалноста на агенцискиот живот – брз, флексибилен и ориентиран кон клиентите, а можете да го преземете на следниот ЛИНК.