Вкупниот пазарен удел на компаниите Амазон, Епл, Фејсбук и Гугл денес е еднаков на БДП во Индија. Како дојдовме до тоа овие четири компании целосно да се инфилтрираат во нашите животи, да станат дел од нашето секојдневие и да ги контролираат нашите емоции? Конкретни податоци на оваа тема изнесе Скот Галовеј на TEDx конференцијата, одржана во Њујорк во октомври минатата година.