Колумна на Molly St. Louis, оригинално објавена на AdWeek.
Старата поговорка која вели дека “една слика вреди илјада зборови” е клише од причина. Сликите испраќаат голем број на информации кон нашите мозоци наеднаш. Имајќи во предвид дека нашето општество има просечен временски распон на внимание од 8 секунди (што е пократко и од златна рипка која има 9 секунди), не е ни чудо што 25 милиони бизниси ја користат моќта на Инстаграм за да ги поттикат своите дигитално расеани потрошувачи.
Брендовите како Maserati допираат до милиони нови потенцијални купувачи преку Инстаграм и Фејсбук, така што нивните умови ги “носат” на едно мало “патување”. Пред скоро време, произведувачот на луксузни автомобили разви видео кампања во две фази преку која го претстави својот нов Levante SUV и генерираше нови потенцијални купувачи. Елегантните видеа го претставија пространиот ентериер на авотмобилот, модерната конзола, седиштата од црвена кожа, и секако, секогаш убавите за гледање спори снимки на возење под агол.
Гледачите лесно можеа да фантазираат како е чувството да се биде зад воланот – толку многу што кампањата предизвика 21,000 луѓе да размислат за купување на автомобил за себе. Не само што го предизвика вниманието на една третина од своите потенцијални купувачи, видеата беа и директна причина за продажба на 127 автомобили.
И многу други брендови, големи и мали, успешно го користат Инстаграм на креативни начини. Ако сакате и вие да се вклучите во “акцијата”, важно е темелно да ги анализирате овие кампањи и да разберете што всушност направиле како што треба. Еве неколку работи кои им се заеднички:
Ги имаат совладано основите
Може да звучи очигледно, но вреди да се запамети дека Инстаграм е платформа за споделување на фотографии, па затоа е важно да се публикуваат навистина добри фотографии.
Една од најголемите грешки што можете да ја направите на Инстаграм е да публикувате слики кои не кажуваат ништо. Слично на Вашиот пријател кој постојано го постира истото селфи со истата експресија на лицето и единствениот начин како можете да разликувате дека се работи за различен ден е по тоа што носи различна маица.
Немојте да бидете тој пријател. Особено не кога се работи за Вашиот бизнис.
Прашајте некој од инфлуенсерите како што е Ерика Домесек од “P.S. – I made this…” и ќе ви потврдат дека квалитетната фотографија е клучна. Ако го отворите профилот на Ерика за малку инспирација, ќе забележите дека и покрај тоа што нејзините ракотворби се несомнено одлични, еднакво е важен начинот како тие се фотографирани. Таа често користи живи бои, интересни агли и по неколку забавни изненадувања за да предизвика емоционална реакција, која лесно се претвора во интеракција.
Ги таргетираат своите следачи онлајн и офлајн
Без разлика на тоа што продавате, дали се автомобили, облека или технолошки уреди, важно е да знаете да раскажете добра приказна со која ќе и’ покажете на публиката како вашиот производ се вклопува во нивните животи. Ако продавате некој убав фустан, на пример, за кој сакате да извлечете реакција како “Би го носела тоа на компаниската новогодишна забава!”, тогаш ќе направите фотографија која таа мисла ќе ја вметне во главата на потрошувачите без нивно големо напрегање.
Да повториме, треба да предизвикате емоционална реакција бидејќи, пред се’, тоа е тоа што ќе ги привлече и ќе ги убеди купувачите.
Американскиот бренд за брза храна Subway, одлично го оствари тоа со нивната летна кампања #SubYAY. Целта на компанијата беше да го приспособи својот пристап на социјалните медиуми кон луѓето кои припаѓаат на милениумската генерација. Тие создадоа кампања специфична за фестивалската култура преку која ставија акцент на своето присуство на клучните места од интерес.
“The Green Room, baked by Subway” се појави на пет фестивали ширум САД: The Hangout, Governors Ball, Bonnaroo, Firefly и Outside Lands. Компанијата публикуваше статични фотографии на Инстаграм кои ја доловуваа суштината на #SubYAY на секој од фестивалите, прикажувајќи членови на нивната таргетирана демографска група на начин преку кој им покажуваа на “фестивалџиите” и своите следбеници, како Subway се вклопува во нивната култура и живот. Тие исто така постојано објавуваа содржини преку Instgaram Story за да ги внесат своите следбеници во светот на #SubYAY напоредно со неговото случување.
Како резултат, Subway имаше вупен ‘reach‘ на публика од 38,6 милиони луѓе, доби 175,800 интеракции и 62,000 нови следачи и го зголеми позитивниот имиџ на брендот кај следбениците за 13%.
“Полудуваат“ со своите тактики за интеракција
Запаметете, временските распони на внимание се пократки од оние на просечна златна рипка. Не само што треба да ја привлечете публиката, туку треба да ја задржете ангажирана и да се враќа повеќе. Нудејќи им нешто што е одлично за гледање е добар почеток, но оддржувањето на постојана интеракција е клучно за да се зголеми лојалноста.
“Едно нешто што го гледам се’ почесто е како брендовите “полудуваат” со креативни идеи за користење на Stories опцијата – дали е тоа преку употребата на стикерот за анкети за интеракција со фановите или други опции како што се алатките за цртање, стикерите, па дури и суперзумот, се’ со цел да внесат една поинаква димензија и длабочина во нивните содржините,” истакнува Кај Хсу, глобален раководител за Инстаграм во Facebook Creative Shop.
“Еден пример што се истакна во поскоро време беше како еден бренд за продажба на чевли ја користеше “задржи за да паузираш” опцијата на Stories за да им го “открие” на купувачите нивното следно импулсивно купување,” додаде Хсу.
Заклучок
Инстаграм можеби е примарно визуелна платформа, но за да оствари вистински успех за вашиот бизнис, мора да понудите и нешто повеќе. Прашајте кој било добар учител и ќе ви каже дека постоја три вида на ученици. Не секој се поврзува со материјалот само преку гледање. Некои тоа го прават подобро преку слух, или преку практична интеракција.
Ако сакате да останете во главите на вашите купувачи следниот пат кога тие ќе се приклучат онлајн или ќе се појават во продавница, користете го сите три методи на комуникација. На Инстаграм правете го тоа на начин како што Хсу го опишува. Без разлика што продавате, доколку вашиот визуелен дел е добар, вашите методи се креативни и комуницирате со публиката на подлабоко ниво – тогаш вашите Инстаграм содржини ќе бидат ефективни.