Dr. Martens или популарните „Мартинки“ се едни од најиконичните чизми и чевли во модерната историја, обично поврзувани со алтернативната култура.
Поради својата цврстина и тежина, секој пар на Мартинки е потребно да се „пробие“ (“break in”), односно да се разлабави со цел да можат удобно да се носат. Штом тоа се постигне, нивната долгорочна издржливост е неприкосновена. Но, како да се постигне тоа?
Различни луѓе имаат различен пристап, техники, искуства и планови како да го остварат тоа, а кон дебатата се приклучи и самата компанија со нов видео спот т.е. реклама во која се фокусира токму на овој аспект од носењето Мартинки.
Претставената техника вклучува посветена и континуирана нега на кожата, лименка, неколку подебели пара чорапи и мнооогу движење, со повремени одмори.
Рекламата е создадена со помош на креативната агенција Breaks.