Дали треба да презентирате некој проект, понуда или идеја пред клиент или инвеститор? Дали сте поканети да држите јавно предавање? Дали имате јавна функција? Но, сепак, избегнувате да говорите или презентирате пред други поради трема, страв или недоволна самодоверба?
Како и сите работи во животот, вештините за јавно говорење не се вродени, туку можат да се научат. Всушност, потребно е постојано да се негуваат и унапредуваат. Тонот на вашиот глас, говорот на телото, движењето, дишењето и начинот на кој сте присутни и градите однос со публиката, сето тоа може да се научи со искуство, но уште подобро – со искусен ментор кој знае да Ви ги открие тајните на успешниот јавен настап.
Запознајте ја Ирена Јакимова, професионален и сертифициран обучувач, тренер и ментор. Таа е искусен јавен говорник со децениско искуство во односите со јавност, комуникацијата, лидерството и менаџментот, која работела со голем број лица за тие да ја надминат тремата, сомнежот, неподготвеноста и да се идигнат на нивото на задачата во секоја потребна пригода. Нејзина тесна специјалност е работата со жени, според неколку светски методологии за личен и професионален развој на жени-лидерки.
Ирена е автор на првиот снимен курс за јавен настап на македонски јазик, од жена искусен обучувач и говорник. Нејзиниот курс се состои од три дела (психофизичка и ментална подготовка, подготовка на содржината, техники од настап) пренесени во 6 видео лекции, заедно со една аудио водена визуелизација и пишан прирачник.
Откако ќе ги симнете, содржините на курсот можете да ги усвојувате кога Вам најдобро Ви одговара, без да сте врзани со време или со група слушатели.
Курсот е достапен по регуларна цена од 4,900.00 ден. Меѓутоа, пред крајот на летото и новата „сезона“ на поинтензивни деловни и јавни интеракции, Ирена одлучи да го понуди својот курс за јавен настап по промотивна цена од само 2,540.00 денари!
Притоа, со секој купен курс ќе бидат донирани 1,000 денари за деца, во соработка со „Хумано срце“ или „Проект среќа“.
За сите оние што ќе го купат курсот до крајот на месецов, со септември Ве очекува бонус онлајн средба со авторката Ирена Јакимова, која ќе се потруди да одговори на сите Ваши прашања, а ќе сподели и неколку дополнителни сугестии и насоки за подобрување на Вашите јавни настапи.
Повеќе информации за курсот се достапни ТУКА. Остануваат уште само неколку дена до крајот на специјалната понуда, па затоа не одложувајте и навремено започнета ја Вашата обука за јавен настап на следниот ЛИНК.