Колумна на Ксанти Велс, Генерален Креативен Директор на Pitch, првично објавена на AdWeek.
Пред скоро време, за малку ќе загубев ‘суперѕвезда’ креативец за друга агенција, и тоа навистина ме научи на нешто.
Реално, сите креативци, особено оние добрите, се постојано барани на пазарот. Тие добиваат LinkedIn пораки од регрутери, СМС-пораки од креативни директори, и постојано им се додворуваат директори на агенции со скапи вечери – се’ со цел да ги зграпчат нивните мозоци за следното сочно парче бизнис. Се’ додека ваквите активности се случуваат и ‘ловците на глави’ заработуваат 10 до 20% со секое најмување, во наш најдобар интерес, како водачи на агенциите, е да откриеме нов начин како да ги задржуваме талентите.
Многу често сме заслепени од “Еееј, може да зборуваме 15 минути?” разговорите кои завршуваат со чудна оставка. Двете страни ја чувствуваат тензијата во собата. Менаџерот е фатен со спуштен гард, а вработениот се плаши да не ‘запали мост’. Без разлика каков бил работниот однос пред тие 15 минути, секогаш се завршува на ист начин: со големо “Ах.”
Мислам дека можеби, само можеби, целиот разговор може да биде избегнат ако го зацврстиме односот со нашите креативци и да направиме да е ОК кога ќе се одбие некој додворувач.
Како водачи, и ние сме биле во таа позиција, кога возбудата од повик на некој голем регрутeр ќе предизвика нашето срце да прескокне едно чукање. Ветувањето за повеќе пари, различни брендови или можеби нов град почнува да пулсира низ нашите вени. Па затоа, зошто не зборуваме искрено за овие нови работни можности со нашите тимови? Зошто да не правиме вистински разговори за ‘слонот’ во собата, пред тој ‘слон’ да се појави?
Ние сме во брак со нашите креативци, само што не носиме прстени и некој постојано се обидува да ги изведе на состанок. Ако ги сакаме, како што ги сакаме оние добрите или пак оние со добар однос, да бидеме искрени едни со други за искушенијата кои се појавуваат.
Што се однесува до креативецот што за малку даде отставка, имавме еден многу искрен разговор за нејзините додворувачи. За прв пат зборувавме отворено за тоа што таа сака од нејзината работа. И покрај тоа што и’ давав добра плата и унапредувања, беше јасно дека ниту парите ниту титулата беа причината за возбудата во нејзиното срце. Погрешив во врска со неа, и не ја правев среќна бидејќи целосно не ја разбирав нејзината вистинска мотивација.
Таа сакаше да работи на големи брендови и беше загрижена дека ги исцрпила сите свои можности во агенцијата. Критички ја разгледавме листата на клиенти на кои работела, анализирајќи ги еден по еден, во што уживала и што преферира да не го допре повеќе. Отворено ги признав вистинските предизвици на секој клиенти каде заеднички ги идентификувавме можностите.
И’ понудив договор – што ако ја рефкусираме скоро исклучиво да работи на клиенти за кои ги поттикнуваат нејзините страсти и ќе ја направат да сака да остане? Тоа беше нешто за што таа беше премногу исплашена да праша директно, но нејзината претстојна отставка не’ одведе во нови и неудобни територии – разговарајќи што ние навистина сакаме на начин на кој тоа го прават луѓе кои навистина се грижат едни за други – со многу слабости да, но и многу доверба и надеж.
Во клучниот момент, скоро како два отуѓени брачни партнери кои конечно ги откриваат своите скирени желби закопани со години под прекривка на страв, ние бевме ‘голи’ и искрени. Ми кажа што таа навистина бара, а јас и’ кажав како можам да ги задволам тие потреби. (И’ кажав и што не можам да направам.)
Ајде да направиме нов преврт во нашиот модел за задржување на талетите и да се фокусираме на отвореност, искреност и храброст. Не е премногу ранливо да ги погледнеме креативците во очи и да им кажеме дека навистина ни требаат и дека сакаме да останат. И не би требало да биде премногу за нив да бидат навистина искрени со нас за тоа што тие сакаат и кој друг ги повикува. Зошто да не? Немаме што да изгубиме.
Како што мојата мајка рече кога бев тинејџер, “ако ги сакаш, остави ги нека си одат”. Така се чувствувам во врска со задржувањето на моите креативци.
Се разбира, ако може да имаме отворен дијалог за нивните амбиции, потреби, желби и недопаѓање ‘по пат’, можеби ќе ги избегнеми тие грди мали 15-минутни разговори кои се појавуваат на нашите календари.
И креативвците кои мислевме дека веќе си отидоа, ќе сакаат навистина да останат.