(РЕГИОН-Хрватска) – На првата хрватска конференција за блогери и блогерската заедница DIABLOG, која ќе се оддржи во Загреб на 10 ноември, учесниците ќе имаат можност да ги видат најдобрите блогерски кампањи, да се запознаат со светските трендови во “инфлуенсер маркетингот” и да ги следат дискусиите на тема развој на блогерската сцена, како и соработката помеѓу блогерите и брендовите.
Марина Чулиќ Фишер, директорка на DIABLOG, истакна: “На кружните маси кои ги припремаме ќе учествуваат претставници на огласувачите и медиумите, хрватски и регионални блогери, YouTube-ери и инфлуенсери, а потврдено е и учеството на агенциите Olaf&McAteer и Beeshaper од Србија. Помеѓу останатото, ќе бидат прикажани и кампањи за брендови како што се Coca-Cola, Jamnica, Dukat, Avon и Adidas, на што сме посебно горди.”
Конференцијата ќе биде затворена со доделување на признанија на најдобрите блогери и кампањи според избор на блогерите кои своите фаворити ги номинираа како дел од првото хрватско истражување за блогери, чии резултати ќе бидат познати на 10 ноември.
Сите новости поврзани со конференцијата можете да ги следите на DIABLOG профилите на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/DIABLOG.HR/?fref=ts
https://www.instagram.com/diablog.hr/