Маркетинг алатка на денот е серија од микро постови кои ги создадовме со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со интересните алатки од областа на маркетинг индустријата кои секојдневно се користат ширум светот.
Алатка #6 Sandwich Video
Без разлика дали се обидувате да го позиционирате вашиот бренд на веќе “заситен” пазар, се обидувате да ја пренесете вашата или вредност на стејкхолдерите, продадете производ или услуга на Вашите клиенти или пак имате потешкотии во пренесување на вашата порака на еден од состаноците; мораме да бидеме реални – ќе бидете поубедливи доколку во вашиот говор ја вклучите и соодветната приказна!
Вашата приказна, односно приказната за вашиот стартап, е валутата со која тргувате… Таа е причината зашто луѓето и веруваат на вашата порака или говор, го купуваат вашиот производ или услуга, па дури и ве ангажираат за да завршите некоја конкретна активност.
Но како најдобро да ја искомуницирате вашата порака?! Како основач на еден стартап бизнис, вашето време за раскажување на приказна е сведено на максимум 4 минути – elevator pitch. Тоа значи дека не можете да и кажете се на вашата публика за вашиот бизнис, дури и да сакате.
Најдобра форма преку која можете да го задржите вниманието на вашата публика е видеото. Видеото претставува спој на илјадници слики, глас и мелодија кои како микс можат да создадат неверојатно чувство и емоција преку кои публиката може да се поистовети со приказната.
Но овде не сме да зборуваме за влијанието на видеото како форма за раскажување на приказни. Овде сме за да кажеме како некои специјализирани компании се позиционираат себеси како експерти за кажување приказни, до таа мерка што голем дел од “интересните стартапи” ширум светот ги користат нивните услуги за подобро да ја искомуницираат нивната приказна.
Добредојдовте во светот на SandwichVideo.com
Sandwich е една од најбараните компании кога се работи за изработка на репрезентативни видеа, а причината е многу едноставна. Оваа компанија го работи концептот на адвертајзинг различно од конкуренцијата. Додека конкуренцијата се обидува да ви “продаде” што е можно посилна порака во врска со соодветниот производ или услуга која патем не ти кажува некакви суштински разлики, Sandwich креира т.н. како-да-видеа. Погледнете го видеото за Airbnb
Доколку сакате вашата компанијата да биде забележана, со паметни видеа кои траат до две минути и кои се обидуваат да ја објаснат функционалноста и привлечноста на производот или услугатa, тогаш Sandwich се вистинското место за вас.
Нивните услуги варираат од тоа дали сте стартап компанија, средна компанија или корпорација. Но доколку како стартап сте заинтересирани за нивните услуги, ќе треба да одвоите износ во рамки на 20.000$.
Дали ќе имате поврат на инвестијцата?! Дефинитивно! Sandwich имаат креирано видеа за стартапи како Lyft, Rdio и Slack, помагајќи им да предизвикаат внимание во светски рамки како и стотици илјади прегледувања на нивните видеа.
‘Можеби ова и не претставуваше маркетинг алатка, туку беше повеќе маркетинг компанија која дава услуги во делот на креирање на уникатни и привлечни приказни. Сепак, имајки ја во предвид успешноста на нивните видеа, и доколку имате ресурси за да можете да си дозволите ваква услуга, тогаш сте дојдени на вистинското место!
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива на Brainster заедницата споделете со вашите пријатели.