Логото на компанијата е клучна точка за дефинирање и препознавање на еден бренд, така што овој процес секогаш се планира и развива во фази. Различни слики, форми, фонтови и бои се користат и комбинираат многу внимателно, во зависност од областа во која се развива компанијата. Логото е личен печат на секој бренд и како што се развива и менува брендот, така и логоата на брендовите се менуваат со текот на времето.
Логото на секој бренд е личен потпис, начин на комуникација и можеби најважниот маркетинг адут, бидејќи е уникатно и препознатливо.
Во продолжение погледнете како еволуирале логоата на некои од најпознатите светски брендиови:
- Mozzila
Првично, логото отсликуваше феникс со раширени крилја за да одговара на оригиналното име на компанијата Феникс. Од правни причини, името е сменето во познатото Firefox и логото е преобразено во сегашната форма. Доволно е илустративно за да се избегне појаснување.
- Nike
Кривата линија со натпис „Најк“ е идентификувана како едно од највлијателните и најоригинални логоа. Логото е истовремено и концептуално и интуитивно. Накратко, тоа го покажува крилото на грчката божица на победата Најк, по кого е наречен брендот. Денешната верзија на логото се јавува во поедноставена форма без текст.
- Nokia
Нокиа е финска мултинационална комуникациска корпорација што е јасно наведено во нејзиното лого уште од самото основање. Првото лого од 1871 година прикажува риба, што упатува на финската река Нокианвирта. Следното лого е тотално различно, бидејќи компанијата е ориентирана кон бизнисот со производство на производи од гума, како и бизнисот со електроника и кабли. Така е создадено второто лого на Nokia. Големата промена доаѓа кога компанијата ќе започне да произведува мобилни телефони, кога беше креирано логото што го знаеме и денес, но со мали разлики. Логото станува двобојно без текст со тризабец во аголот, а потоа се додава и познатиот слоган „“Connecting People”. Бојата на текстот на Nokia е сина боја, која значи поврзување со знамето на нивната земја – Финска.
- Pepsi
Визијата на Пепси се менуваше толку многу низ годините што е невозможно да се опише во неколку реда. Неговите карактеристични црвени, бели и сини бои можат да се најдат речиси во секоја бензинска пумпа, самопослуга и ресторан. Меѓутоа, логото поминало низ многу промени низ годините.
Пепси прв пат бил воведен под името Brad’s Drink за подоцна пијалакот да биде преименуван како Pepsi-Cola, по дигестивниот ензим пепсин и kola nuts кои се користат во рецептот. Во периодот од 1898 до 1940 година, Пепси имаше извртено црвено скриптно лого, кое многу наликуваше на дизајнот на логото на Кока Кола.
Во 1906 година, логото на Пепси претрпе уште една промена во дизајнот кога логото вметна многу текст. Сепак, типографијата на логото беше повеќе или помалку иста. Потоа, во 1940 година, Пепси го дизајнираше своето лого во форма на капаче за шише. Со тоа започна традиција која трае со децении.
Пепси-Кола, обидувајќи се да покаже поддршка за Соединетите држави и да профитира на патриотските чувства за време на Втората Светка војна, ги претстави иконите со црвена, бела и сина боја на своите производи. Ова лого остана популарно и до ден-денес, а комбинацијата на бои е иста.
Во 1998 година, компанијата ја прослави 100-годишнината. За да ја одбележат годишнината, компанијата направи некои измени во својот дизајн на лого, така што за прв пат, просторот во позадина на логото беше син. Новото лого на Пепси е создадено за да му даде освежителен изглед, а дизајнот дава тродимензионалниот изглед за гледачите.
Денешното лого на Пепси има дизајн кој остава впечаток на насмевка и ја задржува својата уникатност со комбинирање на традиционалните бои, облици и стилот на фонтови.
- Peugeot
Ако размислиме за бројот на брендови на автомобили и колку од нив користат животни во своето лого, ќе видиме дека всушност нивниот број е многу мал, само 7-8. Peugeot, најпопуларниот од овие брендови, останува верен на својот стил веќе половина век. Лавот во нивното лого е претставен само двапати како глава на лав. Во останатите дизајни, присутна е цела слика на лав.
- Renault
Немојте да мислите дека рекламираме француски автомобили, само одиме по азбучен ред :) Првобитното лого на Рено е медалјон со иницијалите на креаторите на Рено. Следните две ги прикажуваат производите што ги продавале, автомобили, но и тенкови. Значителна промена во дизајнот на логото се случи во 1925 година, кога обликот на дијамант кој е познат низ целиот свет беше усвоен како лого на компанијата. Подоцна е додадена жолтата боја.
- Shell
Shell го започна својот бизнис, со лого кое претставува вистинско графичко цртање на школка. Компанијата го одржуваше овој стил некое време, поедноставувајќи го дизајнот на логото се` до 1948 година, кога одеднаш ја сменија насоката и се појави прототипот на денешниот модерен дизајн. Денес, логото е убава стилизирана форма на школка во светли бои, од кое е исфрен зборот Shell, кој се појавуваше во претходните логоа.
- Starbucks
Старбакс е најголемиот меѓународен синџир на кафе и кафе-продавници, во светот со седиште во Сиетл, Вашингтон. Приказната е интересна затоа што двајцата први сопственици на Старбакс одбиле да продаваат еспресо пијалоци од висококвалитетните зрна кафе кои ги продавале. По неуспешните обиди на нивниот ривал Хауард Шулц и неговиот синџир на кафе-барови Ил џорнале ( Il Giornale) во тоа време да ги убеди сопствениците на Старбакс за успехот на продажба на еспресо, тој го купува Старбакс кога тие решиле да го продадат бизнисот. Направените промени во бизнисот и логото донесуваат успех за Старбакс.
Првичното лого од 1971 година покажува митолошко суштество – сирена, која треба да се протолкува како заведување, исто како и кафето. Во 1986 година, на логото се појавува името Il Giornale – првично идентично со бојата на првото лого – кафеаво, последователно сменето во зелено. Оттогаш логото на Старбакс ќе биде поврзано со зелена боја. Од 2011 година од финалната верзија е тргнат текстот и зелениот круг од логото.
- Volswagen
Главните елементи во сите варијанти на логото се иницијалите V и W кои се поставени една на друга, формирајќи целосен типографски елемент. Првите логоа пред и после ВСВ моторот се обидуваат да личат на пар тркала. Фолсваген подоцна го напушта овој илустративен дизајн и започнува долг процес на расчистување и стилизирање на логото. При промена на логото од 2012 година, класичното “VW” лого доби тридимензионален и полиран изглед. Последната промена на логото е направена минатата година, каде што логото ги задржа буквите V и W во кругот, но дизајнот е поедноставен и дводимензионален, додека буквите “W“ и “V“ не се поврзани.
- Xerox
Историјата на логото Xerox започна во 1937 година, кога компанијата сè уште беше позната под името Haloid. Името беше променето во 1961 година и оттогаш, името Xerox станува главен фокус на нивното лого. Подоцна, се додадва симболот – црвена топка обвиткана со буквата X.