Google не е веќе само пребарувач тој е повеќе од тоа. Сo своите нови импресивни производи и хардвер тој наголемо цели кон Apple и Amazon.
Google најави дека светот се движи од “Mobile First” до “AI First”, па затоа реши да ги спои хардверот и софтверот заедно притоа ставајќи ја вештачката интелигенција во центарот. Она што можеме да го забележиме од страна на Google е јасно дефинирана стратегија која ќе ги промовира сите негови паметни услуги со широка понуда на направи креирани за корисниците.
‘’Search for everyone, Google for you’’
Google Assistant е услуга која ги користи најнапредните способности за учење на машините вклучувајќи ги во себе податоците од повеќе од 70 билиони факти. Google има визија за иднина каде асистентот ќе успее да им помогне на корисниците во било кој контекст или на било која направа или површина.
Додека Google Search беше креиран за секој корисник Google цели кон тоа Assistant да биде само за ТЕБЕ, цели кон персонален пристап кој преку подобрување за кој корисник ќе обезбеди ‘’персонално прилагоден Google пристап.”
Доколку Google Assistant е секаде, тогаш тој треба да има дневна интеракција со секојдневните случувања околу нас со цел да ни помогне во било кој дел од нашето секојдневие.
“Google започна да креира нова паметна долгорочна стратегија преку креирање на одлични услуги кои функционираат за сите корисници притоа контролирајќи ги и со Android хардверот “
‘’Технолошките брендови се обидуваат да го поседуваат екосистемот’’
Многу од технолошките компании го признаваат фактот дека борбата ја добиваат Google и Apple. Nokia, Blackberry и Microsoft ја немаа стратегијата ниту пак производот за да се натпреваруваат на ова поле долгорочно. Новите борбени линии се повлечени, време е да се преземе ‘’големата награда’’- корисничкиот екосистем.
Оваа борба помеѓу овие гиганти ќе биде многу поголема од онаа со смартфоните, овој пат таа ќе вклучува хардвер, софтвер , содржини и вештачка интелигенција. Google се закотви на ова поле преку креирањето на паметна стратегија која не само што промовира одлични услуги за сите корисници, тој всушност и таа стратегија ќе ја направи преку соодветниот хардвер со кој може да се контролираат овие услуги. Apple од друга страна пак, се фокусира на направи и нивниот вертикален екосистем и како резултат се соочува со потешкотии да ја продаде својата меѓу платформа на корисниците на Android направи.
Google исто така е компетитивен наспроти AI системите (системи за вештачка интелигенција) како Alexa на Amazon и Siri на Apple. Со ова лансирање нивните намери станаа јасни, односно нивната визија оди подалеку кон контрола на екосистемот на асистенти преку обезбедување на корисни ‘’површини.’’
Apple си игра брканица во овој простор затоа потребно е да очекуваме дека ќе успее да донесе компетитивен екосистем за корисниците во блиска иднина. Во оваа фаза не смееме да ги исклучиме Facebook и Amazon, но инстиктивно повеќе ги чувствуваме како услуги кои ќе оперираат со поголем екосистем не одделни компетитивни екосистеми.
‘’Брендовите во свет управуван од гласови’’
За брендовите ова се чувствува како еден од првите денови на апликациите кога тие мораа да изградат два компетитивни оперативни системи. Очекуваме дека брендовите ќе го следат овој пристап и во блиска идина затоа што засега од нивна страна би било наивно сите пристапи да ги сведат само на еден.
Она што станува јасно е дела визуелниот идентитетот на брендот ќе стане помалку релевантен во свет управуван од глас и NLP (Natural Language Processing).
Ова води до многу прашања како : како да бидете во визуелниот дел на потрошувачите без да им дадете одредени визуелни патокази?
И уште поважно: како да станете бренд кој ќе биде препознат лесно од страна на асистентот на виртуелната интелигенција?
Брендовите е потребно да размислат како ќе успеат да обезбедат одлично корисничко искуство преку разговор, кога традиционалниот адвертајзинг врз основа на изложеност ќе стане помалку видлив и релевантен?