По повод својата 140 годишнина од постоење, еден од најсилните брендови на пиво во светот, Heineken одлучи да ја прослави со маскирање на париско бротче «péniche » во подморница. Подморницата пловела по реката Сена во Париз и застанувала секој ден на повеќе пристаништа во Париз. На самото пристаниште каде што застанувала подморницата, се одржуваале концерти со DJ. Ова се случувало само во периодот од 10 до 17 Октомври 2013 година.
Во самата подморница љубопитните луѓе имале можност да се запознаат со историјата на брендот Heineken чие што постоење датира од далечната 1873 година. Подморницата била поделена на повеќе делови. Посетата на подморницата можела да се изврши во определени часови па се до полноќ.
Со ова Heineken маркетерите уште еднаш ја потврдуваат нивната креативност, посветеност со цел да ја прослават на посебен начин 140 годишнината од постоењето на брендот.