Овој викенд, ИКЕА на многу хумористичен начин ја искористи кралската свадба за своја промоција
Кралската свадба овој викенд беше настан кој го следеше целиот свет, а многу брендови сакаа да го искористат тоа. И додека еден Хари веќе “го нема на пазарот“, ИКЕА одлучи на еден многу едноставен, хумористичен и впечатлив начин да ги потсети сите оние кои сакаат свој Хари дека можат да го најдат во нивните продавници.
Агенцијата ACNE и Ikea Creative Hub смислија неколку постови за социјалните мрежи кои си поиграа со кралската свадба, а еден од нив беше едноставна фотографија од нивната Хари столица, од 49 американски долари, со пораката “Не грижете се, Хари се уште е на располагање. “
За да не остане се` на тоа, веднаш по венчавката брендот повторно беше подготвен за актуелнната тематика и се осврна на проблемот со преостанатиот вишок од свадбени торти, а одговорот го најдоа во нивните пластични садови Прута, со пораката “Кога ќе ви останат вишок торти од венчавката со 600 гости. “