Луѓето насекаде излегуваат од неизвесноста и учат „како да заздрават“, според прегледот на Google за трендови во интернет пребарувањето во 2021 година.
Фразата достигнала највисоко ниво на сите времиња и тоа на повеќе светски јазици. Слична е ситуацијата и со некои други фрази: „како да му оддадете почест некому“, „како да се грижите за вашето ментално здравје“, „како да останете силни“, „како да се надевате“ и „како да одите напред“.
Иако овие прашања произлегуваат од болка, тие се знак за раст и укажуваат на подготвеноста луѓето да се подобрат после пандемискиот карантин. Клучните зборови „како да се вратиш“ го потврдуваат ова. Луѓето често пребарувале и „афирмации“.
„Ширум светот баравме начини да се вратиме посилни“, посочуваат од Google, додавајќи дека „еден од првите чекори вклучува поставување големи, непријатни прашања како „која е мојата цел? и „како да бидете свои“.“
Бидејќи многумина гледаа како нивниот единствен извор на приход изчезнува во 2020 година, некои корисници беа во потрага по нови алтернативи. Во 2021 година, пребарувањата за „како да започнете бизнис“ го надмина „како да најдам работа“.
Покрај ова, луѓето во 2021 година пребарувале и повеќе начини како да им помогнат на другите луѓе и на планетата Земја. Имено, меѓу популарните пребарување во 2021 година се нашле и „како да се зачува“, „одржливост“ и „како да ѝ помогнеме на нашата планета“. Луѓето активно пребарувале и како да им помогнат на авганистанските бегалци и да ја спречат омразата кон Азијците.
Иако корисниците сè уште бараат начини како да останат поврзани во затворен простор, оваа година дојде до забележлива транзиција кон отворените простори. Терминот „сродна душа“ во 2021 година бил пребаруван повеќе од кога било, но и „како да стилизирате фармерки“.
Меѓу најпопуларните пребарувања можат да се согледаат и некои комични моменти. Таков е на пример фактот што фразата „какви се шансите да те удри гром“ во САД била популарна од таа „какви се шансите да освоиш мега милиони“.
Во продолжение погледнете го видеото на Google за „Годината во пребарување“ за 2021 година: