Западноевропската транснационална лотарија EuroMillions лансираше нова кампања која го евоцира чувството на добивање џекпот.
Во рекламниот спот од 45 секунди се запознаваме со ликот на Јулија, која си замислува како победувањето на лотарија би го променила нејзиниот живот и животот на нејзините блиски и како всушност таа ќе им ја соопшти веста.
На крајот, спотот завршува со прашањето „Каков милионер би биле Вие?“
Рекламата ќе се емитува на онлајн комуникациските канали на EuroMillions во сите држави каде што лотаријата е достапна (Франција, Велика Британија, Шпанија, Австрија, Белгија, Ирска, Луксембург, Португалија и Швајцарија).
Кампањата е создадена со помош на креативната агенција Romance од Франција.