Многу работи се променија од 1933 година, но Lacoste со својата нова кампања ги потсетува луѓето дека нивниот препознатлив „крокодил“ останал константен.
Пораката на кампањата насловена “Unexpected Encounters” („Неочекувани средби“) е дека без разлика на вашата возраст, пол или потекло, секогаш можете да се потпрете на облеката на Lacoste и да сретнете сродна душа со истиот моден вкус.
Кампањата се состои од неколку кратки видео-спотови и мноштво фотографии кои прикажуваат случајни средби на различни луѓе кои носат исто парче облека од Lacoste. Со цел да се дофати автентичноста, повеќето од избраните модели всушност никогаш претходно и не моделирале.
Спотовите се режирани од страна на француската режисерка Лаура Атанасијан, додека пак фотографиите се снимени од страна на ирскиот фотограф Ронан Галагер. Кампањата е создадена со помош на креативната агенција BETC.