Времињата се менуваат, а со нив и начините на кои се поврзуваме, работиме и ги презентираме своите вештини. Мајките кои се враќаат на пазарот на труд или се во потрага по нови можности, се соочуваат со сериозни предизвици.
Имено, од една страна, имаат огромна желба да го покажат својот брендиран експертски потенцијал, но од друга, многумина не знаат од каде да започнат, како да го оптимизираат својот LinkedIn профил и каков контент треба да создадат за да бидат препознаени.
Овие болни точки се јавија во многу разговори со нашата заедница, па затоа две мајки, решија да делуваат.
За да се одговори на овие потреби, Данче Азманова Мирчевска од Working Mom MK и Буба Атанасовска Велјановски, маркетинг менаџер и LinkedIn контент креатор, ја создадоа идејата за вебинарот „Како да го искористите LinkedIn за градење личен и професионален бренд – за мајки кои се во потрага по нови можности!“
Цел на вебинарот:
Вебинарот ќе понуди практични совети и стратегии кои ќе им помогнат на мајките да ја искористат моќта на LinkedIn и да создадат профили кои ќе ги истакнат нивните вештини, искуства и експертиза. Преку овој вебинар, учесниците ќе добијат конкретни алатки и насоки за:
- Оптимизација на LinkedIn профилот за максимална видливост и професионален изглед.
- Креирање контент што привлекува внимание и ефективно комуницира со потенцијални клиенти, партнери или работодавци.
- Градење мрежа и започнување успешни деловни контакти.
За кого е наменет вебинарот?
Овој вебинар е наменет за мајки кои:
- Се враќаат на пазарот на труд или се во потрага по нови професионални можности.
- Сакаат да го изградат својот личен бренд преку LinkedIn.
- Не се сигурни од каде да започнат, каков контент треба да креираат и како да го оптимизираат својот профил за да привлечат внимание.
Информации за настанот:
- Дата: 20 март 2025 година
- Време: 19:00 – 21:00 (онлајн)
- Цена: 1290 денари
- Место: Онлајн (линкот ќе биде испратен по регистрација)
Како да се пријавите:
За повеќе информации и за пријавување на вебинарот, пополнете ја оваа форма: https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLSdU_mENVw01QyN1d4dOTZYooCmEQ9rED-5z7llQjmjwVWMsFg/viewform