За да очекувате активност на вашите профили на социјалните мрежи, пред да размислувате за трошење на вашиот буџет за реклами и на спонзорирање на содржините на страницата (content marketing) потребно е да имате добра структура на базата на следбеници и најпрво својот буџет да го насочите кон градење на целна публика.
За да го постигнете ова потребно е да вложите доста време во анализа на пазарот, анализа на страниците на конкуренцијата, анализа на успехот на рекламите и пред се многу е битно да се истакне фактот дека не можете да добиете голема база на фанови преку ноќ, потребно е време (па дури и повеќе години како што е и случајот на многу брендови), стратегии за маркетинг и доста работа.
Да, многу е важно да имате поголема база на следбеници за да имате поуспешна кампања, меѓутоа овој сооднос не е секогаш право пропорционален (особено доколку станува збор за несоодветно таргетирани корисници кои не се соодветна целна група за вашиот бренд!)
Колку имате поквалитетно одбрана (таргетирана) група на корисници сo фанови кои активно ќе ве следат и ќе ги разбираат вашите содржини и производи/услуги – толку потенцијалнот за успех е поголем.
Еве да погледнеме како котираат македонските страници за најразлични брендови на социјалните медиуми во однос на бројот на фанови…
- Фејсбук
Извор: Social numbers
Првите 10 водечни брендови на Facebook во однос на вкупниот број на фанови се Flormar (944 486), AMC (284 564), Telekom (274 261), Samsung Macedonia (232 696), Ledikom Mobile Store (210 386), Dormeo (205 908), Neptun (193 786), Becutan (184 306), Stobi Flips (160 385), Viva (150 020).
- Брендови на Twitter
Извор: Social numbers
Заедницата на Twitter како што можете да погледнете во Македонија е помала, Twitter има поинаков ‘’глас’’ од оној на Facebook и малку поинаков сегмент на публика па од таму и тоа брендовите да имаат помала база на фанови.
3. Брендови на Youtube
Бројот на лица кои се претплатиле на страниците на брендовите во Македонија на овој медиум е мал но затоа пак да ги погледнеме бројките од она што е важно – вкупниот број на прегледи по видео.
Telekom MK (1 906 641), Vip Mk (922 597) , Skopsko (677 890), TopShop Macedonia (575 486), Dormeo Mk (361 058), Fairy Makedonija (356 306), AlkaloidSkopje (354 662), Neptun Makedonija(342 637), MoneyMax Financial (33 474), Elena Luka Home (31 558).
Извор: Social numbers
Бројот на корисници и нивната вклученост во активностите на страниците е она што ќе ви го покаже крајниот резултат од тоа дали имате ‘’квалитетна база на корисници’’, не само голема база на фанови.