Маркетинг алатка на денот е серија од микро постови кои ги создадовме со цел да ги запознаеме македонските стартапи и маркетинг ентузијасти со интересни алатки од областа на маркетинг индустријата кои секојдневно се користат ширум светот.
Алатка #7 MailChimp
Некои маркетери тврдат дека email-от одамна е изумрен или во процес на изумирање/исчезнување. Но, реалноста не е така мрачна. Секој ден, mail-овите се составен дел од нашиот динамичен живот. Впрочем, комуникацијата не би можела да биде таква како што е да не беа email-овите. Со повеќе од 95 милиони е-mail-ови пратени дневно во просек, MailChimp ни потврдува дека email-от е сеуште битна алка во начинот на кој малите бизниси ја комуницираат својата порака.
MailChimp е веб базирана email маркетинг услуга која е опремена со доста алатки или со други зборови, моќен и истовремено лесен за користење email маркетинг сервис. MailChimp ви овозможува да дизајнирате newsletter-и, да ги споделувате низ социјалните мрежи, да го интегрирате со услуги кои веќе ги користите и секако, да ги следите вашите перформанси. За тоа колку оваа алатка е корисна говори и фактот дека над 7 милиони корисници го користат MailChimp за да дизајнираат и пратат email маркетинг кампањи.
Оваа алатка има можност за поврзувања со доста други програми. Користејки отворено API, MailChimp ги поттикнува другите системи или веб апликации да го интегрираат овој сервис во нивниот email маркетинг систем. Во моментов, MailChimp дозволува интеграција со системи како што се PayPal, Google Analytics, Shopify, Magento, Salesforce, и многу други.
Една од најважните работи кои треба да ги знаете за оваа услуга е тоа дека оваа услуга е целосно бесплатна доколку праќате помалку од 12.000 mail-ови месечно на помалку од 2.000 различни email адреси. Но тоа не значи дека ги добивате сите функционалности на системот.
MailChimp доаѓа со одлични ресурси кои ќе ви помогнат во процесот на учење, а воедно и ќе ве подготват за тоа како да создадете ефективни и динамични кампањи. Едни од овие ресурси се видеата кои ќе ви помогнат во врска со интерфејсот, и неколку бесплатни е-Книги кои што ќе ви дадат практичен совет за тоа како да добиете максимум од вашите email маркетинг кампањи. Исто така интересни се и MailChimp Guides кои што покриваат теми од типот на мобилни уреди, менаџирање на листи и други релевентни email маркетинг теми.
Извештаите на MailChimp се базирани на интерактивни графици кои што ви овозможуваат лесно да ги проверите активностите поврзани со вашите mail-ови. Овие извештаи ви даваат информации за тоа колку mail-ови се отворени, колку луѓе кликнале на линковите во mail-овите и на кои, отварања по локација, одбиени, unsubscribes, и сл. Извештаите што ќе ги добивате ќе ви овозможат да ги споредите со индустријата. MailChimp се интегрира со Google Analytics, притоа давајки ви дополнителни информации за вашите кампањи (ќе знаете колку приход ви донеле рекламите кои ги имате креирано) Сите овие алатки ќе влијаат позитивно на вашата способност да креирате ефективни email маркетинг кампањи и подобро да пристапите до правилните клиентски сегменти.
MailChimp исто така има и корисна апликација за iPhone и Android-базираните мобилни уреди. Апликацијата ги врши најосновните функции како што се додавање на email сметки во мејлинг листата, да добиете информации околу кампањите и сл.
Време е да го активирате MailChimp во полза на вашиот бизнис!
Автор: brainster.co заедницата
Ако ви се допадна овој пост, посетете ја серијата на микро постови на овој линк. Ако ја поддржувате оваа иницијатива споделете со вашите пријатели.