Почетокот на учебната година претставува вистинска мала септемвриска гунгула меѓу трговците, книжарниците и разните други продавачи на производи наменети за деца, кои ги промовираат своите нови училишни понуди, пакети со производи на попуст и разни други поволности при купување училишна опрема. Во таквото опкружување, тешко е да се издвоите и да бидете запаметен во морето од исти пораки. Оваа година, Мега Макси и Темпо, во соработка со агенцијата McCann Белград, сепак успеаја во тоа, а еве како 😊.
Покрај богатата понуда на училишна опрема и прибор, која можеше да се најде по пристапни цени, на кампањата и` се придружија инфлуенсери кои им се добро познати на децата на училишна возраст – Aна Лазаревиќ и Aндрија Јовиќ. Во Центрите со мега попуст, Темпо и Мега Макси хипермакетите, тие покрај редовната училишна опрема, промовираа и посебно дизајнирани дуксери, маици, маски за лице и тетратки од Hyper колекцијата by Anna i Andrija Jo! На социјалните мрежи беше организиран Инстаграм предизвик и giveaway на профилот на Aна и Aндрија, кои промовираа лимитирана серија дизајнирани гардероби со нивните потписи. Се разбира, колекцијата Hyper се распродаде речиси до последното парче за рекордно време.
Во хипермаркетот на Ада Циганлија во Белград беше организирано забавно катче со дигитално магично огледало, каде што децата можеа да „пробаат“ нови парчиња облека. Покрај тоа, концертите на инфлуенсери во Чачак, Ниш, Нови Сад и Белград предизвикаа голем интерес кај учениците.
Кампањата беше реализирана како интегрирана 360 кампањи, преку традиционални медиумски канали, OOH, ТВ реклами и дигитални канали. На овој начин, Мега Макси и Темпо уште еднаш покажаа иновативност, што и покрај широката палета на производи, истовремено нудат и забавни моменти, нови доживувања и искуства, како и инспирација, со што оваа сезона привлекоа и нови клиенти во нивните продавници.
Инфлуенсерите, исто така, реализираа акција за донирање опрема за училиштата, водејќи ги децата со Инстаграм активација да изберат нова училишна опрема заедно со нив, а видеото на Aна многу брзо се најде меѓу трендинг видеата на Јутјуб платформата.
„Традиционално одличниот избор на училишен асортиман кој што купувачите се навикнати да го пронајдат во Центрите на мега попуст, Мега Макси и Темпо продавниците оваа сезона го надополнивме со Хипер модната колекција, но и со нов начин на комуникација со целната публика. Со поврзување на класичните канали за комуникација со дигиталните, се обидовме да стигнеме до учениците на интересен начин, обезбедувајќи им дополнителна инспирација за почетокот на новата учебна година, а врз основа на повратните информации можеме да заклучиме дека повеќе од успешно одговоривме на задачата“, рече Филипос Нанопулос, оперативен маркетинг менаџер на компанијата Делез Србија.
„Имајќи ја во предвид нашата директна и индиректна конкуренција, која исто така нуди и училишна програма, нашата задача беше да излеземе со идеја што ќе прави разлика помеѓу нив и нас, а тоа е дополнителната модна колекција Hyper, што ја направивме во соработка со инфлуенсерите. Познавајќи ги крајните корисници (учениците), бевме свесни за нивните интереси и потреби, но ги имавме предвид и најновите трендови, како што е merch опремата. Со целосна поддршка на клиентот и инфлуенсерите, се роди колекцијата Хипер, која веќе ја гледаме на улиците“, додаде Игор Петровиќ, акаунт менаџер, McCann Белград.