Лифтот не првото место на кое луѓето помислуваат како простор за интересна интеракција. Најголемиот дел од времето во лифт помининува во тивко гледање напред или во екраните на телефоните.
Дизајнерите од Conran Design Group, дел од агенцијата Havas London, се одлучија да ја прекинат монотонијата и да им дадат тема за разговор на луѓето кои се возат во лифтовите од нивната зграда.
Шест од лифтовите во зградата добија трансформација во ретро диско од 80-те, удобна дневна соба со кауч во средината, па и страшна соба во која се чини дека подот пропаѓа. Еден од лифтовите дури е дизајниран да ја поттикне дебатата „кучиња или мачки?“.
Том Њутон, извршен генерален директор на Conran Design Group, истакна дека идејата претставува еден вид на социјален експеримент, но и илустрација за моќта на дизајнот.
„Сакавме да ја промениме перцепцијата за дизајнот во едноставна работа како што е возењето со лифт. Внатре може да сте само 30 секунди, но влијанието на дизајнот може да биде многу значајно. Може да биде одличен момент за предизвикување на дискусија, како и да даде поттик и позитивно чувство кога одите на работа,“ објасни Њутон.
Стратешки, едноставната идеја имала за цел да создаде „галама“ за влијанието кое може да го има дизјанот и очекувано, се покажа дека луѓето уживале во искуството.
„Добивав пораки од луѓе кои работат во зградата дека нивните клиенти кои ги виделе лифтовите потоа се враќале повторно со нови клиенти за да ги погледнат. Иако е примамливо да ги оставиме инсталациите и подолго време, една недела е доволно за да се покаже поентата, без притоа да стане досадно,“ додаде Њуман.