Новата студија од Нилсен покажува зошто брендовите во САД треба да ги прифатат овие реклами
ЛГБТ социјалната мрежа Хорнет го овласти Нилсен во САД да направи студија за тоа како рекламите со ЛГБТ тематика влијаат на потрошувачите. Општо е познато дека овие реклами можат да бидат ризични за огласувачите, доколку направат грешка со нив, па многу брендови целосно се оддалечуваат од нивната употреба. Други стравуваат дека ќе ги загубат клиентите со влегување во “политичка територија”
Сепак, новата студија спроведена на 800 испитаници зборува во прилог на овие реклами.
“Со оваа студија ние сакаме да им помогнеме на брендови да го подобрат нивниот маркетинг и огласување, затоа што се работи за ЛГБТ заедницата која претставува многу примамлива демографска група”, рече претседателот и ко-основач на Хорнет, Шон Хауел. .
“Ги препознавме пропуштените можности и полиња каде што огласувачите може да го зголемат повратот на нивните инвестиции преку креирање на автентично огласување. Овие кампањи се адресираат директно до корисниците, а нивните инклузивни пораки градат препознатливост на брендот, што пак има влијание врз навиките за купување. “