Гостинска статија на Владимир Шапардановски.
Многу луѓе го употребуваат Facebook како алатка за побрзо да им помине времето или да дознаат повеќе за нивните пријатели. Затоа е и одлична алатка за Вашиот бизнис, да допрете до илјадници луѓе и да ја прочитаат вашата сторија на Вашиот сајт или блог.
Кога и да го отворите Facebook можете да видите дека има премногу стории од различни страници што “Ви се допаѓаат“. Тука негде и Вашата сторија што сте ја објавиле, се „бори“ со останатите за место погоре на времепловот на Facebook. Ќе ви дадам неколку совети со кои мислам дека ќе ја зголемите читаноста и популарноста на Вашата веб страница.
Што да поставите слика или линк ?
Доколку ова ^ е начинот на кој ги поставувате Вашите линкови, тогаш тоа е погрешно и многу малку луѓе ќе ја отворат Вашата сторија. Во просек Facebook ќе ја проследи Вашата фотографија на 2.3% од Вашите фанови и би требало да достигне опсег од 3.7%.
Во овој случај е добро што можете да соберете поголем опсег бидејќи корисниците имаат поголема навика да „лајкуваат“ и да остават коментар на слика од колку на директен линк. Тука е исто така добро и употребувањето на веб страници кои ќе го скратат Вашиот линк и ќе Ви дадат целосна статистика од каде доаѓаат посетите и преку кој медиум. Тоа можете да го направите преку:
– Bit.ly
– Ow.ly
– Goo.gl
< Facebook му дава малку поголема предност на директниот линк од Вашата веб страница. Линкот ќе биде прикажан најмалку на 3.8% од Вашите фанови, а би требало да достигне опсег од 5.3%. Вашата сторија ќе мора да биде доста „лајкувана“ и споделувана за да го зголемите опсегот. Но добро е што со последните измени на Facebook не Ви требаат само „лајкови“ и споделувања за една содржина да биде вирусна и да биде зголемен опсегот на истата. Колку една сторија е повеќе кликана толку и опсегот се зголемува. Но треба сторијата да биде доста квалитетна инаку Facebook може да Ве „казни“. За тоа можете да прочитате подоле и за новите правилa на Facebook.
Како да поставите правилно линк за да привлечете поголемо внимание ?
Кога ќе го поставите директно Вашиот линк на Facebook може да ви излезе со мала слика и со голема слика.
Доколку е со помала слика нема да биде многу забележан на времепловот на Facebook и може да Ви резултира со помалку „кликови“. За ова да не Ви се случи поставете слика со најмалку 627 пиксели ширина. Или ширината на сликата да биде 1.91 пат поголема од висината.
Или само прикачете слика директно на Facebook, односно променете ја со поголема слика, некоја која би била поинтересна и би ги привлекло луѓето да кликнат на истата.
Внимајте да не прикачите слика со многу текст. Во тој случај доколку решите да ја рекламирате Вашата сторија и на сликата се наоѓа повеќе од 20% текст тогаш Facebook ќе Ви ја одбие рекламата. Тоа можете да го проверите тука.
Исто така можете да го промените насловот и текстот под него доколку не Ви се допаѓа или самата страница Ви додава текст.
Во горниот дел на веста бидете креативни и додате наслов со кои ќе ги заинтригирате читатели. Извадете дел од изјава или дел од текст само. Гледајте да не биде подолг од 2 реченици или да не биде повеќе од 200 карактери. Или мотивирајте ги луѓето да коментираат, поставете прашање со кое би го одговориле и би го зголемиле опсегот на веста.
Во последните измени на Facebook можеби и најинтересно е тоа што почна да ги „казнува“ FB страните и постовите кои сакаат да ги „измамат“ своите читатели со нивните наслови и текстови. Се помалку ќе читаме вести од типот на „Еве видете“, „Неверојатно“, „Нема да верувате“ и останати наслови кои се мамка за читатели да отворат и да дознаат повеќе. Овој начин на прикачивање на стории во последно време е многу популарен и им донесе илјадници фанови на одредени страници. Facebook реши да го промени тоа на следниот начин: кога ќе отворите некоја сторија од Facebook и доколку се задржите на истата подолго време тоа значи дека е квалитетна и Ви се допаѓа истата. Но доколку отворат сторија и за кратко време се вратат на Facebook, ќе значи дека не ве заинтересирало ништо и дека не е квалитетна сторија. Вториот фактор кој ќе влијае на опсегот на постот, е доколку една сторија е отвара неколку илјадници пати а нема никаква интеракција, односно никој не ја лајкнал или искоментирал ќе значи дека не е квалитетна сторија. На краток рок можеби е добро ако не и одлично, со Вашата сторија ќе достигнете илјадници кликови и голема читаност, но на долг рок лошо за останатите стории што ќе ги постирате преку Facebook.