Македонската бизнис заедница последниве години се соочува со предизвикот на наоѓање соодветен професионален кадар за голем број менаџерски и оперативни позиции, што придонесе да се појавуваат сѐ повеќе различни платформи кои овозможуваат објавување на огласи и поврзување на заинтересирани кандидати со компании.
Другиот пристап на поврзување помеѓу компаниите и работната сила е преку регрутација со помош на таканаречени „хедхантинг“ агенции, кои што нудат специјализирани услуги на воспоставување комуникација помеѓу компаниите и работниците.
HeadHunting.mk (https://headhunting.mk/) е една агенција од таков тип која делува во ова поле и им помага на компаниите да ги најдат соодветните кадри согласно своите потреби и нивните квалификации, со помош на нивно директно поврзување.
Услугата на HeadHunting.mk може да се изврши на два начини:
- Компаниите да добијат предлог за соодветен кандидат од мрежата/датабаза на HeadHunting.mk; или
- Компаниите да посочат конкретни имиња и презимиња за кои се заинтересирани и на кои тимот од HeadHunting.mk ќе им пристапи и ќе разговара со нив за евентуален „трансфер“.
Вообичаено за овие услуги од страна на агенцијата HeadHunting се наплаќа само во моментот на реализација на работната задача, што на компанијата ѝ дава голема доза на сигурност во исполнување на предизвикот за пронаоѓање соодветен кадар.
Корисници на услугите на HeadHunting можат да бидат компании од секоја големина, но исто така и заинтересирани професионалци кои можат да го испратат своето CV до агенцијата – за таа да ги има во предвид во моментот кога ќе се создаде соодветна потреба од таков профил.
За сите дополнителни прашања или барања за соработка можете да се обратите на електронската адреса: office@headhunting.mk