Не е ни тајна дека раскажувањето на приказни (storytelling) стана клучна алатка за брендовите и компаниите кои сакаат да се поврзат со своите потрошувачи и секако да ја зголемат продажбата.
Постојат бројни барања за добри приказни за слушање, гледање и читање,” објаснува Ilya Vedrashko, директор за истражување во Оrion дел од Hill Holliday:“Приказните не само што ги трогнуваат луѓето, тие се движечка сила и за производот.”
Но колку многу ги трогнуваат луѓето овие приказни?
За сликовито да откриеме, Origin креирше серија на експерименти во кои на потрошувачите им биле покажани предмети на кои како прилог дадени им биле стандардни описи или пак детални приказни – односно описи кои или биле фиктивни или пак биле дел од препораки од други потрошувачи или пак описи дадени од производителите.
Добиените резултати биле сосема јасни- ’секој пат кога им бил презентиран “производ со приказна“ истиот се продавал за повеќе пари отколку “без приказна“.