Маркетерите кои сакаат да промовираат здрави навики во исхраната кај децата би можеле да имаат корист од употреба на фотографии, наместо анимирани ликови или анимирани слики, според една студија на списанието Journal of Advertising Research (JAR).
Студијата со наслов “Избор на визуелни елементи во рекламирањето здрава храна на децата: Дали анимираните ликови се најефикасна визуелна стратегија“, ги испитуваше ефектите на визуелната комуникација на изборот на здрава исхрана кај децата.
Според резултатите во студијата, на децата најмногу им се допаѓа храната прикажана во форма на анимирани ликови, додека нацртаната храна бележи најлоши резултати. Но, тие најмногу сакале да ја консумираат храната претставена од фотографии.
Значи, ако целта е да се поттикне здравата исхрана кај децата, оваа студија, спроведена од страна на Марија Лагомарсино (Универзитетот во Нојшател/Швајцарија) и Л. Сузан Сагс (Универзитетот della Svizzera Italiana/Швајцарија и Imperial College/Лондон), покажа дека поефикасно е користење на фотографии наместо цртани или други анимации.
Понатаму, оваа студија сугерира дека рекламите за здрава храна кои користат мешавина на визуелни елементи може да го зголеми вниманието и стапката на прифаќање на здрава храна кај децата.
Всушност, авторите заклучуваат: “И покрај проценетиот афинитет на децата кон анимирани карактери, оваа студија покажува значајна разлика меѓу визуелизацијата на здравата храна која ја сакаат децата и онаа што ја покажува храната која навистина сакаат да ја јадат. Ако целта на промовирање на храната е да се привлечат децата, се чини дека анимациите се ефективни. Ако целта е да се зголеми конзумацијата на оваа храна, фотографиите можат да бидат поефикасна визуелизација. “
Истражувачите исто така велат: “Афинитетот кон цртаните филмови може да има негативни ефекти врз вистинската потрошувачка на производи во случај на здрава храна. Резултатите од оваа студија ја потврдуваат оваа загриженост; децата мислат дека анимираните ликови се смешни и симпатични; ликовите ги сакаат како пријатели и не сакаат да ги јадат. Врз основа на наодите во оваа експериментална студија и постојната литература, користењето на фиктивни елементите сепак може да помогне во продажбата на здрава храна, особено со цел да се зголеми вниманието на децата.“