Постојат случаи во кои совршената симетрија едноставно не е она што го сакате, а ова е одличен пример.
Се сеќавате ли на нашата статија за логото на Google и за тоа како несовршеностите понекогаш се токму она што го прават дизајнот совршен?
Еве уште еден пример. Логото кое го претставуваме денес е сирената на “Старбакс”. Погледнете ја сликата подолу и обидете се да ја пронајдете несовршеноста што го прави ова лого совршено (не е многу тешко да се пронајде).
Иако истражувањата покажуваат дека луѓето од спротивниот пол ги привлекуваат симетрични особини – што на некој начин значи дека симетријата е основата на идеалот за човечката убавина, токму тие несовршености ги прават работите похумани.
И ова е особено важно при дизајнирање лого со лица, бидејќи симетријата во овој случај може да предизвика чувство на студенило и отуѓување, што сигурно е нешто што сакате да го избегнете кога станува збор за брендирање.
Подетална анализа на овој случај, како и процесот во кој дизајнерите дојдоа до финалниот дизајн, пронајдете во статијата на веб-сајтот на FastCompany.