Вештачката интелигенција (AI) може да има голема примена во работењето, а овде можете да видете неколку примери за тоа како ја користат компаниите
Извор: 16Best.net; Пишува: Karthik Reddy
Новиот бран на маркетинг е во развој и потенцијално може целосно да го промени светот на бизнисот и трговијата. Тоа е тип на маркетинг кој вклучува вештачка интелигенција. Како и голем број на програми и алгоритми кои имитираат аспекти на човековото однесување, вештачката интелигенција е во развој и во теорија и во пракса со години, но неодамна оваа технологија навистина созреа да најде порелевантна примена во општеството. Маркетингот зајакнат со вештачката интелигенција е исто така една од новите примени на вештачката интелигенција, кои се користат од компаниите како Netflix, Starbucks, Google и Facebook.
Со цел да се разбере она што всушност е маркетинг или бизнис зајакнати со вештачка интелигенција, можеме да погледнеме во некои моментални примери. На пример, технолошкиот гигант Apple, користи безброј различни различни подобрени технологии на вештачка интелигенција за унапредување на корисничкото искуство. На пример, iPhone и iPad уредите користат технологија за препознавање лица, Apple Store користи длабоко AI учење за откривање на нелегални активности. Друг многу интересен пример за користење на вештачка интелигенција применува Lowe’s во службата за корисници. Од минатата година, Lowe’s започна со имплементација на вистински роботи во нивните физички продавници кои им даваат помош на клиентите на кои им е потребна.
Како што ќе видите во инфографикот подолу, има уште многу примери за примена на вештачка интелигенција за подобрување на работењето. Може да се искористи за завршување на задачите за само неколку секунди, за кои на човекот би му требале часови, па дури и денови, па затоа не е изненадувачки што компаниите сакаат да ја користат. Деталната статистичка анализа на корисничките активности, на пример, бара многу време на работа, додека AI може да го стори тоа за само за мал дел од тоа време. Накратко, мора да се признае дека AI технологијата може да ја подобри продуктивноста, да донесе повисоко ниво на ефикасност и да им овозможи на компаниите да спроведат посложени истражувања на пазарот од кога било досега.