Познатиот дизајнер Ерик Спикерман напиша дека тоа е најлошото лого што го видел во последниве години и се запрашал дали тоа било направено од еден од роботите кои ќе ги заменат луѓето
Контроверзниот дизајн ја рефлектира еволуцијата на модното брендирање, но како што пишува Fast company, новиот дизајн на логото на Зара предизвика различни реакции на социјалните мрежи.
Наликува на старото лого од 2011 година, составено од четири букви од името, освен што овој пат буквите се доста збиени.
Додека претходнното логото заради растојанието на буквите создаде чувство на минимализам, новото лого ги приближува буквите, што може да се толкува како очигледно оддалечување од минимализмот кој го преферираат технолошките компании, како Гугл и Убер, кон посложени логоа кои се вообичаени за дизајнерските куќи, како што се Гучи и Булгари.
Новиот изглед го дизајнираше агенцијата Baron and Baron основана од страна на Фабиен Барон, познат по овој тип на компресиран, преклопен стил, а како што е наведено, работел и многу визуелни слики за новата маркетинг кампања на Зара. Барон учествувал во дизајнирање на типографијата за многу модни брендови.
Новиот изглед на Зара можеби ги сигнализира нивните амбиции да заземат место меѓу луксузните модни куќи, пишува Fast Company.
Постојат многу коментари за социјалните мрежи кои не го поддржуваат ова лого. Познатиот дизајнер Ерик Спикерман напиша дека тоа е најлошото лого што го видел во последниве години и се запрашал дали тоа било направено од еден од роботите кои ќе ги заменат луѓето. Друг коментар вели дека ако Зара продолжи со зближување на буквите, на крајот, нивното лого ќе биде само еден црн блок.
Многу дизајнери сметаат дека ова е голем чекор за Зара, со оглед дека минатата година еден од најголемите дизајнерски трендови беше Sans-Serif логото со голем проред меѓу буквите.