Довербата е интегрален дел од нашиот живот, но начинот на кој ја градиме довербата исто така се менува.
Ова е времето како маркетинг активностите кои вклучуваат инфлуенсери го заземаат приматот во последно време. Секој бренд или индивидуалец кој сака да изгради бренд се обидува да го испроба овој тип на маркетинг.
Замислете како во 90 тите кога купувавме, како го правевме изборот и како се потпиравме на мислењето на продажниот персонал од продавниците. Довербата беше клучот во ваквиот процес на купување.
Денес, имаме широк избор и опции помеѓу кои можеме да избираме кога купуваме. Често поради широкиот избор често се двоумиме што да купиме а што не. Секако дека за тоа можеби ги обвинувате мислењата на другите потрошувачи кои сте ги прочитале онлајн илу пак Ви ги пренеле во живо.
Довербата била и ќе остане интегрален дел од нашите животи, но начинот на кој сме ја граделе некогаш и денес драстично се менува.
Влијателниот маркетинг делува на ова поле значително денес. Секој бренд и идндивидуалец кој сака да изгради бренд испробува да делува врз мислењето на потрошувачите со ваквиот тип на маркетинг.
Што претставува “инфуелнсерс“ маркетингот?
Тој е вид на маркетинг кој се фокусира на клучни играчи кои може да ја рашират пораката на брендот до поголем опсег на публика. Често маркетинг активностите со помош на инфлуенсери се поврзуваат значајно со контент маркетингот и социјалните медиуми.
Поради бројни и очигледни причини, инфлуенсерите имаат големо и силно влијание на платформите на социјалните медиуми.
Многу кампањи креирани од страна на инфлуенсери се темелат на содржини каде суптилно се наметнува некој бренд и истиот гради кредибилитет во очите на публиката.
Кои се клучните чекори во планирањето комуникациска стратегија базирана на соработка со инфлуенсери?
• Идентификувајте ги клучните инфлуенсери за вашиот бизнис: не можете да напредувате доколку претходно не истражувате кое од овие лица би било соодветно да влијае врз вашиот бизнис.
• Поставете цели и фокусирајте се на нивното исполнување: без јасни цели, “инфлуенсерс“ маркетингот нема да генерира резултати за вашата кампања. Јасни цели, стратегии и посветеност водат кон остварливи резултати.
• Следење на клучните индикатори: Било која маркетинг кампања без соодветна метрика и анализа би била непотполна. Мерењето на резултатите и она што функционира наспрема она што не функционира би била непотполна.
Доколку не експериментирате со различни стратегии во полето на “инфленсер“ маркетингот и истите не ги мерите, нема да бидете во можност да ги следите резултатите кои сте ги постигнале со нив и да ги споредите истите со влијанието на другите сегменти и маркетинг иницијативи.