“Секој зборува за времето, но никој ништо не прави околу тоа,” изјави еднаш во една своја изјава Charles Dudley Warner –но, ова целосно и не е точно. Времето многу влијае врз однесувањето на потрошувачите и нивните одлуки кои ги прават, како што се – каде да јадат, што да јадат, кога и каде да купуваат, а тоа воедно прави и одредени бенефити за одредени брендови.
Да го земеме примерот од xAD.
Со цел да се детерминира колкава е улогата на временските услови во навиките за купување, разгледани биле податоци со користење на локациски сигнали на повеќе од 600 милиони месечни корисници и 100 милиони точки на интерес на потрошувачите низ светот со помош на xAd, кој им помага на брендовите да ги предвидат бихејвиоралните трендови и да предвидат нови мобилни и локациски маркетинг можности.
1. Временските услови поттикнуваат офлајн продажба
Временските услови влијаат на самата продажба во рамките на продавниците. Кога времето е ладно или облачно, нашите инстинкти често ни кажуваат да останеме дома. Според податоците од движењето, лошото време се покажало дека има поголемо влијание врз навиките за купување отколку поволните временски услови.
На оваа платформа забележани биле 9% помалку посети на лоши временски услови и 6% повисоки биле посетите за време на поволни временски услови.
Маркетинг лекција: Земете ја во предвид оваа појдовна точка за продажба кога планирате кампањи на одредени специфични локации,затоа што можно е да забележите намалување на заработката при промената на временските услови.
2. Таргетирање базирано на температура? Се е релативно…
Во минатото маркетерите ја користеле температурата како индикатор за да детерминираат каде и кога треба да се рекламираат, како и врз основа на она што треба да го промовираат.
Продажбата на ладно пиво на температури под нулата ретко дека е ефективно, како што е продажбата на топло густо чоколадо на овие температури. Кога таргетирате потрошувачи врз основа на температурите, потребно е да обрнете внимание на локацијата на која го правите самото таргетирање. На температура од 20 степени Целзиусови во март во Јужна Калифорнија и 20 степени Целзиусови во Њујорк, постои голема разлика. Во Њујорк можеби ќе биде потребно да облечете и потопло палто, додека пак во Калифорнија можно е да доживеете температури кои ќе ве натераат да размислувате на лето.
Маркетинг лекција: Временските услови и температурите поттикнуваат различно однесување кај потрошувачите во зависност од местото на живеење, па затоа не потпирајте се целосно на временските услови и не сегментирајте ги податоците врз основа на времето, туку и на локациските услови.
3. Времето влијае врз одредени категории на производи различно
Временските услови прават разлика и врз тоа какви производи консумираме како потрошувачи.
4. Направете времето да влијае позитивно врз вашата продажба
Кога имате податоци како временските услови влијаат врз потрошувачката на одредени добра, не само што ќе можете да испланирате подобри кампањи, туку и ќе имате и подобро разбирање на потребите и желбите на вашите клиенти.
Маркетинг лекција од xAd: локацискиот маркетинг, таргетиран врз онсова на времските услови, може да им помогне на компаниите да таргетираат купувачи врз основа на повеќе параметри. Со кампањите на xAd на пример, маркетерите може да ги прилагодат своите кампањи и истите да ги направат ефективни со реклами кои ќе бидат релевантни за локации, временски услови, тајминг и временската прогноза.
Со други зборови, брендовите конечно може да направат нешто повеќе со праваење на попаметни одлуки за таргетирање и да направат порелевантни реклами – било дали е сончево или облачно.