Tелефоните денес не се само за комуникација
Американскиот магазин Adweek подготви интересен инфографик за начинот на кој жените денес ги користат паметните телефони. Сите знаеме дека дека паметните телефони денес имаат многу повеќе примени отколку самата комуникација, а истражувачката компанија PopSugar Insights сакаше да ги истражи начините на кои жените ги користат.
А тие ги користат своите телефони за да им помогнат во речиси секој аспект од животот, од конзумирање вести, преку правење буџет, до будење наутро. Речиси половина од испитаниците на возраст од 18 до 34 години ги проверуваат своите телефони веднаш штом се разбудат, а 36% ги проверуваат после пет минути. Овие мали екрани станаа толку вкоренети што над 60% од жените поседуваат два или повеќе мобилни уреди и ги користат секој ден.
Според Роб МекЛалин, потпретседател на компанијата PopSugar Insights: “Нашето истражување покажува неверојатен степен на кој паметните телефони станаа постојан партнер на жените. Тие се вратата за постојано поврзување со нивните интереси и сè повеќе стануваат нивен мобилен паричник. Маркетите треба да се потпрат на промените што овие уреди ги носат и да испорачаат содржини кои беспрекорно се вклопуваат во нивната дневна рутина. “