Поминаа 30 години од раѓањето на World Wide Web, а доверба во дигиталната технологија не постои
Според истражувањето направено од агенцијата Dentsu Aegis Network, глобална маркетинг агенција во рамките на која работаат iProspect, Vizeum и Carat, злоупотребата на личните податоци е главна причина за недоверба.
Повикувајќи се на истражувањето направено на повеќе од 43.000 луѓе од 24 земји и спроведено во партнерство со Oxford Economics, овогодинешниот извештај испитува колку дигиталните технологии ги задоволуваат потребите на луѓето и како тие влијаат на однесувањето на потрошувачите.
Темата е обработена во детали во извештајот од кој можете да дознаете повеќе, а подолу можете да видите неколку интересни работи во кратки црти:
- Највредните се оние потрошувачи до кои најтешко се доаѓа.
- Оние луѓе за кои постои поголема веројатност дека ќе се занимаваат со дигитални услуги, исто така, најверојатно ќе преземат мерки со кои би го ограничиле споделувањето на своите податоци, на пример, ќе инсталираат рекламни блокатори, ќе ја намалат количината на податоци која ја споделуваат на интернет, итн.
- Довербата во дигиталнте медиуми води кон лојални корисници.
- Колку повеќе луѓе веруваат во позитивното влијание на дигиталните медиуми врз општеството, но и на своите вештини, толку е поголема веројатноста дека ќе користат дигитални производи и услуги.
- Довербата во користењето на податоци стана суштинска потреба.
- Осум од десет луѓе би престанале да работат во компанија која злоупотребила податоци, а злоупотребата на личните податоци е клучен двигател на недовербата на глобално ниво.
За брендовите постојат голем број на прашања, а во извештајот има неколку совети за нивно решавање – ова кратко видео ја сумира клучната порака.