Marketing mreža на 27 и 28 октомври во хотелот Crowne Plaza во Белград го организира вториот по ред национален Фестивал на интегрирани комуникации – KAKTUS 2016. Под овогодинешниот слоган “Конструирај добри идеи!“, акцентот на фестивалот ќе биде на интеграцијата, но и на трудот и напорот да се конструираат само квалитетни идеи.
Како и изминатата година, KAKTUS 2016 ќе им понуди на учесниците квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе се отвори со предавањето на David Zappe, маркетинг директор на компанијата HEINEKEN Словачка.
На првиот ден на фестивалот ќе биде официјалното доделување на наградите KAKTUS 2016. Наградите се доделуваат во 21 категорија, а ги добиваат организации, институции и агенции за најквалитетни и најпрофесионални интегрирани кампањи во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодинешните KAKTUS награди одлучува стручно жири кое е составено од 27 угледни професионалци од креативни, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
Вториот ден на фестивалот ќе го одбележат интерактивни предавања и работилници од еминентни стручњаци од Европа и светот, меѓу кои се Bruno Luglio, Senior Creative Art Director, R/GA Њујорк, САД; Ivan Pols, Creative Director, Adam&EveDDB Лондон, Велика Британија; Riccardo Fregoso, Executive Creative Director, McCann Парис, Франција; Stephanie Bailey, Head of Corporate Communications, Fleishman-Hillard Лондон, Велика Британија; Thierry Nicolet, Senior VP Global Press Relations, Schneider Electric, Франција и Mihnea Gheorghiu, Group Creative Director, Publicis Group, Романија. Со учесниците на фестивалот своите искуства ќе ги подели и dr Nikolaos Dimitriadis, Development Director – Executive Development Institute, The University of Sheffield International Faculty, City College; Jan Namedyński, Head of Digital, Poland & Nordics, AVON;како и Vincenza Cristina Saccà, Head of Marketing CEE, MasterCard.
“Пазарот на маркетинг комуникациите во Србија изминатата година доби свој прв национален фестивал, фестивал во рамките на кој се слават само најквалитетните идеи, оние кои ги поместуваат границите на професијата и се стремат кон подобра иднина. Оваа година продолжуваме понатаму, со уште поквалитетна програма, сјајни говорници, нови искуства и истакнување на идеите кои опстануваат”, изјави Ivana Parčetić Mitić, основач и уредник на порталот Marketing mreža и потсети дека пријавувањето на конкурсот за KAKTUS наградите трае до 20 септември.
Фестивалот KAKTUS 2016 го поддржаа 25 медиски куќи од целиот регион, компанијата Coca-Cola HBC Србија, Mercator S, Marbo Product, Delta Holding, Johhnie Walker, Ушче Shopping Centar,како и HEINEKEN Србија кој оваа година е пријател на фестивалот. Партнери на фестивалот се агенциите – Direct Media, Pioniri Communications, Headline, Ovation BBDO, DPC Group, M2Communications и LED Media Босна и Херцеговина.