На 12 и 13 ноември, во хотелот Hyatt Regency во Белград, Marketing Mreža го организира четвртиот по ред Фестивал за интегрирани комуникации – KAKTUS 2018. Под овогодинешното мото „Идејата е ништо без реализација!“, акцентот на фестивалот ќе биде ставен на квалитетните и вонвременски изведби, без кои ниедна идеја не би можела да преживее.
Како и минатата година, KAKTUS 2018 на учесниците ќе им понуди квалитетна и разновидна програма од различни области на интегрираните комуникации, како и преглед на најновите светски трендови, а фестивалот ќе го отвори Марчело Падоча, креативен директор на агенцијата David&Goliath Los Angeles од САД.
Првиод ден од фестивалот ќе биде одбележан со интерактивни предавања и сесии со еминентни експери од Европа и светот, меѓу кои ќе бидат: Харџот Синг, генерален директор за стратегија во McCann Worldgroup EMEA од Обединетото Кралство, Габриела Лунгу, основач на WINGS Creative Leadership Lab од Чешка, Михаел Маслов, генерален директор и партнер во Ketchum Moscow од Русија, како и Фабијан Ауфрехтер, Lead во Havas Blockchain од Франција.
За вториот ден од фестивалот се предвидени Think-Tank работилници, како и дебата на тема „Programmatic Advertising“ во организација на агенцијата Direct Media. Покрај тоа, ќе се одржи и церемонијата за доделување на наградите KAKTUS 2018. Наградите се доделуваат во 25 категории, а ги добиваат организации, компании, институции и агенции за најквалитетните и најпрофесионални поединечни и интегрирани кампања во изминатата година. За тоа кој ќе ги добие овогодишните KAKTUS награди одлучува стручно жири составено од 26 угледни професионалци од креативните, ПР и дигитални агенции од Србија и регионот.
„Пазарот за маркетиншки комуникации во Србија веќе четири години има свој национален фестивал, во рамки на кој се слават само најквалитетните идеи, оние кои ги придвижуваат границите на професијата и кои се насочени кон подобра иднина. Оваа година продолжуваме понатаму, со уште поквалитетна програма, одлични говорници, нови искуства и истакнување на идеи кои опстојуваат,“ изјави Ивана Парчетиќ Митиќ, основач и уредник на порталот Marketing Mreža, потсетувајќи дека конкурсот за KAKTUS наградите трае до 22 септември.
Фестивалот KAKTUS 2018 е поддржан од 30 медиски куќи од целиот регион, компаниите Mercator S, Marbo Product, Jaffa Crvenka, Sberbank, CAR:GO, AVON, Delta Holding, Zlatiborac, Coca-Cola HBC Srbija, Doncafe, Huawei Srbija и брендот Orbit. Компанијата Microsoft Srbija е „бронзен“ спонзор, додека пак Heineken Srbija, сега веќе традиционално, е пријател на фестивалот. Партнери на фестивалот се агенциите: Direct Media, Ovation BBDO, Headline, Degordian, DPC Group, SuperDot, Alma Quattro, Smart+ Research и Info Media Group. Фестивалото го поддржаа и Nova Communications, Led Media BiH, Propix и Chameleon.
Повеќе информации за KAKTUS 2018 можете да најдете на официјалниот веб-сајт: www.kaktus.rs.