Ѓорѓи Авалиани, креативен директор во Leavingstone (Тбилиси, Грузија) ќе биде главен предавач на овогодинешниот фестивал KAKTUS 2018 година, што ќе се одржи на 12 и 13 ноември во хотел Hyatt Regency во Белград. На фестивалот, Ѓорѓи ќе зборува на тема “Creative Confidence“. Во оваа прилика, разговаравме со него во врска со (не)реалните очекувања, во кој момент знаете дека ја правите вистинската работа и што да направите кога кампањата тргне наопаку.
Дали мислите дека наградите навистина помагаат во задржувањето на старите и добивање на нови клиенти, или пак тоа се нереални очекувања?
Немилосрдна е борбата за награди во областа на огласувањето. Наградите привлекуваат внимание, отвараат многу врати, одлични се сувенири и може да ви помогнат да пронајдете многу пријатели, но навистина не зборуваат многу за тоа колку вашата следна идеја ќе биде одлична… Наградите се добри за самодоверба и лајкови на Фејсбук, иако “креативно” навистина не гарантираат ништо за клиентот или за тимот. Општо земено, наградите се само бариери преку кои вашите идеи мора да поминат со цел да се квалификуваат како компетентни, и тоа е тоа. Што се однесува до клиентите, работата и самиот процес се она што ги окупира, повеќе од неколку статуи кои и не се разликуваат од било кои други статуи.
Во кој момент во кариерата навистина знаете дали ја правите вистинската работа или не?
Во овај момент не постои исправно или погрешно, јас само пробувам различни работи, работам на повеќе задачи колку што можам. Барам место каде што моите “демони” се најпријатни, и можат да бидат она што се.
Што правите кога нешто ќе ви тргне наопаку за време на кампањата, може ли да споделите со читателите некои примери? Колку е важна довербата на клиентот во агенцијата во тој момент?
“Што? И кога?” Убави се прашањата кои се поставуваат во текот на правењето на распоредот на кампањата, но доколку сите страни не се договорат за прашањето “зошто?”, ништо нема смисла. Секогаш започнуваме со ова, не само за време на процесот на смислување на кампањата, туку понекогаш и на секој состанок. Кога работите не одат по начинот на кој сакаме, седнуваме, разговараме во детали и гледаме како се однесува на оригиналното “зошто?” За време на кампањата, клиентот и јас се бориме на истата страна, така што и одлуките треба да се делат. Нема друг начин. Не ги романтизирајте проблемите – ако постои нешто што не можете да го решите, секогаш можете да “измислите” нов проблем со ефективно решение.
Дали постои идеја без егзекуција?
Шегата е чиста идеја, таа се извршува некаде во невроните, создава алтернативна реалност само за момент да го измами мозокот и да измами насмевка. Мислам дека хуморот е единствен каде што се уште можеме да имаме идеи без реализација, додека остатокот од идеите за да заживеат, мора да имаме бескрајни состаноци и конференциски повици на далечина.
Кој е главниот тренд во креативната индустрија во Грузија оваа година?
Чача (грузиска домашна вотка) и малку преиспитување на самиот себе. Стануваме малку здодевни, па ги преиспитуваме вообичаените методи. Заборавете сè, земете го вашиот лаптоп во раце, поставете ги своите приоритети јасно и пуштете ја вашата фантазија по волја. Со многу храбри, револуционерни работи што се случуваат во грузиската мода, музика, филм, креативците во комуникациската индустрија не би требало да ја задржат својата креативност. Праведно се бориме за нашето место во авангардна култура, со изложување надвор од рамките на постоечкиот начин на размислување во општество и го редефинираме основниот јазик на работењето. Чача главно се користи за подмачкување на таквите идеи или како ракетно гориво кога ни требаат идеи за да стигнеме до ѕвездите.
Што можеме да очекуваме од вашата презентација на фестивалот Kaktus 2018?
Многу розови бои.