На прв поглед изгледа како порака од некоја антиваксерска група, но вистината е сосема поинаква
Камион на кој пишува „Не се вакцинирајте“ беше забележан како кружи по улиците на Северна Каролина.
На прв поглед се чини дека антиваксерите изнајмиле билборд во обид да ги убедат луѓето да не се вакцинираат.
Меѓутоа, под натписот, со мали букви пишува „Погребно претпријатие Вилмор“.
@RexChapman @davenewworld_2 This truck is making laps around Bank of America Stadium before the Panthers game in Charlotte. pic.twitter.com/rIW9OTltK5
— your genius hands🎧 (@yourgeniushands) September 19, 2021
Ако се обидете да го изгуглате оваа погребална компанија, ќе најдете црно-бела веб-страница на која пишува: „Вакцинирајте се веднаш. Во спротивно, се гледаме наскоро“.
Фотографијата од камионот со необичната порака беше споделена на Твитер, а потоа се прошири и на други социјални мрежи.
I found the guy who paid to have the ‘Don’t get vaccinated’ billboard driven around uptown Charlotte Sunday.
No, Wilmore Funeral Home is not real.
Yes, it is a pro-vaccine message.
Full story tonight on @WBTV_News at 11. pic.twitter.com/14s4uJetvR
— Alex Giles WBTV (@AlexGilesNews) September 21, 2021
Во Соединетите американски држави, 181 милиони луѓе се вакцинирани против Ковид-19, а 45,4 проценти од Американците допрва треба да се вакцинираат.