Перуанскиот малопродажен ланец Oechsle смисли иновативен начин за да им помогне на купувачите на своите мајки да им купат прикладен подарок за Денот на мајките – 14 Мај.
Оваа трговска куќа и нивната агенција Fahrenheit DDB во Лима повикале група на мајки со цел да истражат кои се најлошите подароци кои некогаш ги добиле за Денот на мајките. Се прашувате зошто? Па, затоа што компанијата потоа ги зголемила цените на сите подароци за кои не треба купувачите да размислуваат како за соодветен подарок кој би им го подариле на нивните мајки, како на пример, куќни апарати, садови, пегли и слично. И тоа не за малку ги зголемиле цените.
Така Oechsle и Fahrenheit најдоа нов начин да укажат на купувачите кој е погрешниот пат и да ги натераат малку подобро да размислат за тоа што навистина би ги израдувало нивните мајки.