Во кампањата, направен е симпатичен осврт на неодамнешните критики на постапките на британската влада во екот на пандемијата.
Кога британскиот премиер Борис Џонсон го најави укинувањето на карантинот во Велика Британија минатиот месец, неговиот говор предизвика креирање на огромен број на мемиња со оглед на тоа што луѓето го окарактеризираа неговото обраќање како како збунувачко и контрадикторно.
Во официјалното обраќање на 10 мај, Џонсон го замени главниот слоган во карантин „Останете дома“ со слоганот „Останете претпазливи“.
Тој рече дека луѓето треба да се вратат на работа, но само доколку не можат да работат од дома и дека треба да го избегнат јавниот превоз за да стигнат на работа. Тој исто така изјави дека по неколку недели ограничување на луѓето да излегуваат надвор, освен ако не постои вистинска потреба, сега луѓето можат да излегуваат колку што сакаат. Веднаш потоа, тој ги предупреди луѓето да останат дома што е можно повеќе.
Наоѓајќи хумор во овие критики, британскиот бренд за енергетски пијалоци DRGN креираше серија дигитални билборди, кои беа поставени на многу локации во Лондон.
Основачот на компанијата DRGN, Вишал Сода, во изјава за Adweek, истакна дека ова е забавна кампања, а не политички став.
„И покрај олеснувањето, мерките за социјално дистанцирање сè уште се актуелни и одредени сектори, како што се угостителството, се оневозможени да работат“, рече тој, „па претпазливоста сеуште е тука, а ние се обидуваме кон сè да пристапиме на позитивен начин “.