Со цел да илустрира дека ракот на дојка не познава граници и не „дискриминира“ според етничка припадност, раса или култура, германската организација „Pink Ribbon“ објави едноставна, но ефектива принт-кампања.
Се работи за серија на постери кои прикажуваат различни културни споменици од целиот свет – египетските пирамиди, Ајфеловата кула, храмот во Чичен Ица и други, но завртени така што алудираат на различни форми на дојки.
Постерите се проследени со пораката „Ракот на дојка нé засега сите нас“, напишана на повеќе светски јазици.
Кампањата ја промовира повеќејазичната мобилна апикација breastcare.app за дијагноза и превенција на ракот на дојка.
Постерите се осмислени со помош на креативната агенција Wetra Life од Германија.