Агенцијата “МекКен Тирана“ (McCann Tirana) во 2013 година започна соработка со компанијата “Керфур“ (Carrefour) еден од најголемите светски трговски ланци кој од минатата година е присутен и на пазарот во Албанија.
Креативниот тим на “МекКен Тирана“ имаше за задача да ја претстави промената на пазарот на малопродажни услуги кои се случија при купувањето на трговскиот ланец “Еуромакс“ од страна на “Керфур“. Целта е оваа кaмпања беше Керфур да се позиционира како водечки малопродажен ланец на албанскиот пазар преку соодветен стратешки пристап, план за комуникација и негова реализација преку ATL, BTL и digital.
Најпрво беше осмислен оригинален слоган кој гласеше “Керфур. Баш како што треба да биде“ со цел албанските купувачи да стекнат навика за купување во малопродажните објекти на “Керфур“ и тој да биде “омилниот“ снабдувач на просечниот потрошувач. За да се постигне сето тоа, разбирливо, неопходно е сите сегменти на купувањето да бидат – како што треба да бидат: цените да бидат ниски и пристапни, понудата на производите да биде атрактива и квалитетна, продавниците да бидат добро снабдени а продавачите љубезни со позитивен пристап полн со почитување спрема купувачите.
Поголемото задоволство при купувањетп значи и поголемо задоволство во секојдневниот живот на купувачот :)
Покрај телевизиските реклами……
………кампањата се комуницираше и преку печатените медиуми и OOH адвертајзинг: билборди, огласните простори на автобуските станици, како и во сите Керфур продавници. Посебно внимание беше посветено на тоа како купувачите го доживуваат новиот бренд.
Преку социјалните мрежи и радио станиците, потрошувачите беа поканети да учествуваат во отварањето на “Керфур продавницата“ во центарот на Тирана – акција што имаше голем оддек во јавноста со присуството на многу јавни личности, бројни поклони за посетителите и една порака “Керфур цената е секогаш во право“.