Агенцијата Pereira & O’Dell направи кампања на социјалните мрежи која може да вознемири некои фанови на познатите серии и филмови
MINI се обидува да ги изнервира корисниците на социјални мрежи кои уживаат да поминуваат часови гледајќи ги своите омилени серии неколку сезони наеднаш. Наместо тоа, оваа автомобилска компанија има намера да ги инспирира да трошат повеќе време зад воланот, со кампањата на социјалните мрежи #MINISpoilers креирана од агенцијата Pereira & O’Dell.
Кампањата е многу едноставна, но сигурно духовита и впечатлива, со кратки видеа и спојлери од познатите серии како “Game of Thrones“, „This Is Us“ и „West World“. Имињата на сериите не се споменати, но пораките се многу тесно поврзани со нив.
Кампањата ги повикува гледачите да “трошат помалку време на каучот, а повеќе зад воланот”.
Spend less time on the couch and more time behind the wheel.#MINIspoilers #BingeWatching pic.twitter.com/YKnNhJmV6o
— MINI USA (@MINIUSA) September 18, 2018