Тимот на документарниот филм „Медена земја“(Honeyland), кој победи во категоријата за документарни филмови од целиот свет на американскиот филмски фестивал „Санденс“, спроведува кампања за собирање средства наменети за семејството што се појавува во филмот. Кампањата ги повикува граѓаните да купат тегла мед од „Медената земја“, а парите од продажбата ќе се искористат за образование на децата.
„Ако го гледавте филмот, се запознавте со седумте деца од фамилијата. Всушност, сега се осум, со оглед на тоа дека последното се роди на денот на премиерата на Санденс. Кој би помислил?
Како и да е, тие би биле среќни да ве запознаат, но тие се во Медената земја, далечно место, каде сешто се случува и ништо не е сигурно, дури ни проток на вода во летниот период, ниту топол оброк во студените зимски ноќи.
Можете да им помогнете на овие осум деца Мустафа, Музафер, Вели, Али, Алит, Гамзе, Љутвиш и најмалото кое сѐ уште нема име.
Но, тоа мора да биде преку трансакција, со оглед на тоа дека се деца. Можете да купите од најубавиот мед од Медената земја и тие ќе ги добијат парите.
Испратете ни барање за тегла со 25 грама мед и ние лично ќе се потрудиме и вие и децата да го добиете тоа што ви следува. Парите од вашата добра волја се наменети за фонд за школување на децата“, стои во повикот.
На официјалната страница на филмот е поставен линк за донирање: http://honeyland.earth/donate-for-the-honeyland-kids/