Во текот на изминатите неколку дена, медиумите и социјалните медиуми беа преплавени со фотографии од медицински персонал, кои имаат видливи траги на нивните лица од долгото носење заштитна опрема и по повеќе од 12 часа дневно. Тие даваат се од себе секој ден за да спасат што повеќе животи загрозени од корона вирусот.
Инспирана од овие моќни фотографии, агенцијата Saatchi & Saatchi од Хрватска креираше дигитална кампања која има за цел подигнување на свеста за тоа колку е важно да останеме дома во овие моменти. Секое наше излегување од дома е уште еден удар за медицинскиот персонал.