Сефора, глобален бренд со повеќе од 2.500 продавници во 34 земји и веб-страница за е-трговија достапна во 28 земји, лансираше нова бренд кампања, креирана од агенцијата BETC, на голем број канали, вклучително кина, ТВ, печат, билборди, дигитални медиуми, како и на продажните места во европски и блискоисточните земји.
Убавината се менува. Таа веќе не е само на модните писти или списанија, туку и во селфињата на нашите пријатели или најновите постови на инфлуенсерите. А и значењето на убавината исто така се менува – во културата, забавата и социјалните медиуми, луѓето даваат свое толкување на тоа што значи да се биде убав.
Со цел да ја потврди својата водечка позиција на овој конкурентен пазар, компанијата Сефора одлучи гласно да ја изрази својата визија за убавината со кампањата “Неограничената моќ на убавината“.
За брендот Сефора, убавината е игралиште каде што секој има моќ и право да експериментира и создава свои дефиниции. Неограничена е затоа што има толку многу видови на убавина колку што има луѓе во светот, а една иста личност може да истражи многу аспекти на таа убавина само за еден ден или во целиот нејзин живот. Тоа ни дава сила да се афирмираме и да се сакаме себеси. Убавината не е стандард, не е одредена големина или филтер, туку алатка за моќ и самодоверба.
За да се илустрира оваа нова позиционираност на брендот, која на убавината и` дава истакната улога во животот на сите луѓе, агенцијата BETC и Сефора креираа нова, моќна кампања која се разликува од онаа од претходните години. Неограничената моќ на убавината е исто така многу универзална во нејзиното таргетирање и многу интимна во својот тон и визуелните елементи, овозможувајќи им на гледачите да се видат во нејзината приказна и да го откријат потенцијалот на сопствената убавина.
Спотот, режиран од Џонас Линдстром, зборува за поврзаноста на жената со нејзиниот одраз во текот на животот, давајќи глас во моментите на сомнеж и сила. Интимноста и емоцијата во секоја студија за убавина ја прикажуваат како лична еволуција и раст во секоја фаза од животот. Музиката од познатата песна I’m not In Love од Келси Лу е избрана заради нејзината емоционална сила која оддекува кај сите.
Принтот е направен од Надин Левер, британски фотограф со автентична и блескава иконографија. Сликите ја носат пораката на брендот додека ги рекламираат неговите различни линии (парфем, шминка, нега на кожа). Секој од 12-те принтови на кампањата зборува за богатството на убавината, без оглед на возраста, полот или стилот. Сите овие уникатни и моќни личности директно ни се обраќаат, секој портрет има свој вид на убавина.
„Неограничената моќ на убавината е заштитен знак што овозможува моќен, амбициозен и сеопфатен поглед на убавината. Кампањата ја афирмира улогата на индустријата, а со тоа и позицијата на Сефора како лидер и создава простор за самоизразување, демонстрирајќи разноликост на автентична и моќна убавина која го сочинува денешниот свет“, рече Реми Бабинет, основач, претседател и креативен директор на BETC Group.
„Неограничената моќ на убавината ги допира срцата на луѓето затоа што покажува што може да создаде силата на убавината кај секого. Исто така, тоа е инспиративна кампања и позиционирање на брендот за сите вработени во компанијата Сефора – начин да се почувствува нивната посветеност кон заедницата која ја надминува само продажбата. Сите ние ја имаме оваа моќ во свои раце. Одбележувањето на различностите во индустријата за убавина е дел од ДНК-та на нашиот бренд“, додаде Лиза Атија, SVP Merchandising & Image за регионот на Европа и Средниот Исток.
.