Светски познатиот бренд на фармерска облека Wrangler ја лансираше својата колекција и огласувачка кампања за сезоната есен/зима 2021, насловена “For the Ride of Life” („За патешествието на животот“).
Инспирирана од издржливоста и спремноста на луѓето да се справуваат со предизвиците, кампањата ги слави оние кои секојдневно се впуштаат во нови авантури со енергија и оптимизам.
Во централниот спот гледаме вистински луѓе од различни сфери во животот, со различно потекло, кои не дозволуваат предизвиците да ги обесхрабрат во нивните намери. Напротив, тие живеат исполнет живот со оптимизам, радост и храброст.
Наратор на кампањата е кантри ѕвездата во подем Орвил Пек, додека пак за стилот на луѓето вклучени во кампањата, одговорна била модната дизајнерка Хајди Бивенс.