Во оваа необична кампања за козметичкиот бренд Julep, една разлутена жена буквално се бори со стереотипите и врежаните симболи за женственост.
Кампањата ја направи агенцијата Joan Creative, а ја режираше Алекс Прагер. Во спотот, главната хериона оди по улица и по пат, со кик бокс потези, се бори против иконите на социјалните медиуми, списанијата за убавина, розевата облека, високите потпетици и дури и со машината за перење.
Слоганот на кампањата е Throw Anything At Me, а покрај видеото, направена е и ретро видео игра, во која Вие може да ја земете улогата на главната хероина и да ги исфрлите сите предмети од нејзиниот пат.
Според изјавите од агенцијата, кампањата е инспирирана од основачот на Julep, Џејн Парк и нејзината мисија да создаде бренд за убавина кој ќе се залага за креативно решавање за проблемите што жените го користат секојдневно за да ги надминат притисоците и очекувањата – од индустријата за убавина, општеството, па дури и од самите себе. Истражувањата на агенцијата покажаа дека, и покрај чувството на притисок од нереалните стандарди за убавина, жените сметаат дека ставањето на шминка ги прави посигурни и похрабри да се борат со секојдневниот живот.