Француската телекомуникациска компанија Bouygues Telecom ги враќа спомените на Џони Холидеј за Божиќ. Покојниот пејач беше најпопуларниот уметник во земјата.
Ако постои една личност која сите во Франција ја доживуваат како национален симбол, тоа е дефинитивно Џони Холидеј, познат како францускиот Елвис. Во текот на својата долга и богата музичка кариера, Џони има продадено повеќе од 110 милиони плочи. Неговите концерти собраа повеќе од 29 милиони гледачи, а освои и 10 Victoires de la Musique – француски Греми награди. Но, она што го прави навистина уникатен е неговата способност да ги обедини Французите од сите вери и хоризонти и да допре неколку генерации со неговата музика… и тоа да трае со години. И четири години по неговата смрт, тој сè уште е многу драг во срцата на сите Французи.
Бидејќи Божиќ е дел од годината кога луѓето најмногу чувствуваат потреба да бидат заедно, оваа година Bouygues Telecom сакаше да му оддаде почит на Џони и на сите негови обожаватели ширум Франција. Добар начин за телекомуникациската компанија да го прослави она што ги обединува французите и носи рокенрол музика во домовите на луѓето.
Стефан Ксиберас, претседател и главен креативен директор на BETC, изјави: „Со текот на годините, музиката стана клучен дел од рекламните кампањи на Bouygues Telecom, особено за Божиќ. Овој пат, музиката станува главниот актер кој со помош на Џони Хoлидеј, ја изразува радоста на повторното обединување“.
Креирањето на видеото беше фантастичен потфат, кој вклучуваше блиска соработка помеѓу брендот, агенцијата, продукцијата и музичката компанија, под надзор на Џенерал Поп. Синхронизирањето на една од најпознатите песни на Џони Хилдеј – “La Musique Que J’Aime“ беше вистинско достигнување. Како и собирањето на сите сувенири (постери, плочи, видео клипови, колекционерски предмети) кои се појавуваат во видеото и ја покажуваат силната врска што луѓето ја имаат со неговото наследство. И секако, сите актери во спотот кои беа избрани се меѓу најголемите обожаватели на покојниот пејач.
Танги Мојард, директор за комуникации во Bouygues Telecom, додаде: „Ова е момент на споделување што немаше да се случи без перформансите на мобилната мрежа на Bouygues Telecom. Затоа што на Божиќ, како и во текот на целата година, квалитетот на мобилните мрежи 4G/5G на нашата компанија им помага на Французите да останат во контакт со оние со кои сакаат да бидат блиски, каде и да се наоѓаат“.
ТВ спотот беше режиран од Руди Розенберг, а продуциран од Дивижн. Активацијата на социјалните мрежи ја комплетира операцијата за да им овозможи на луѓето да ја споделат сопствената изведба на “La Musique Que J’Aime“ и да направат одлично заедничко музичко видео.