Агенцијата The&Partners Nordics го опреми домот на еден шведски пар со паметни уреди, со цел да ги “натера” порамноправно да ги поделат домашните задачи
Агенцијата The&Partnership Nordics за шведскиот малопродажен ланец Tretti ја креираше кампањата “Femti Femti” (“Fifty-Fifty“), со која сакаат да покажат дека рамноправното делење на домашните обврски води кон долготрајна љубов.
Кампањата се базира на податоците од Универзитетот во Стокхолм, чие истражување покажа дека паровите кои ги делат домашните задачи, во просек, остануваат подолго заедно, бидејќи расправите околу овие задачи често се раздорен фактор во врските.
Кампањата следи еден пар, Микаела и Дејвид, чиј дом е опремен со паметни домашни апарати, кои се заклучени со препознавање на глас. Имено, истата личност не може да го користи уредот двапати по ред, со што ги принудува подеднакво да ги поделат задачите.
Принудени да ги делат домашните задачи, парот првично со тешкотија се придржуваше на пропишаните рутина, но со текот на времето тоа стана сè поприродно за нив, па тие почнаа да зборуваат поотворено за придобивките од делење на обврските.
https://www.youtube.com/watch?v=9jUvsnZKswU
Како дел од оваа кампања, агенцијата The&Partnership креираше и онлајн тест за купувачите на продавниците Tretti, кој мери колку “еднакви” нивните домаќинства.