Халкбанк деновиве започна нова кампања за новата мобилна апликација HalkPay преку која корисниците може да ги „дигитализираат” картичките и плаќањата на ПОС терминалите во иднина да ги реализираат само со доближување на мобилниот уред.
Повеќе детали за оваа услуга може да прочитате и во веста која ја објавивме минатата недела на ОВОЈ ЛИНК.
Како дел од оваа кампања, која се реализира во соработка со агенцијата McCann Скопје, лансирана е и ТВ реклама во која главни протагонисти се паричник и мобилен телефон кои градат една поинаква љубовна приказна и на крајот стануваат едно: мобилен телефон со кој што може и да се плаќа, со што се пренесува и главната порака на кампањата: Твојот смартфон сега е и паричник!
Во целосната верзија на рекламата која трае 00:45 секунди и која можете да ја погледнете во продолжение, таа заедничка приказна и неразделна забава на паричникот и мобилниот уред е прикажана во повеќе од 25 секвенци на повеќе различни локации каде најчесто имаме потреба од плаќање: угостителски објект, маркет, бутик и сл.
Продукциски одлично скоцкана, со динамични анимации и музика која останува во меморија, се пренесува безгрижноста на слободата во плаќањето, со што на допадлив начин се комуницира и самата порака за бесконтактно плаќање. Порака лансирана во вистински момент, токму кога препораките се максимално да се избегнуваат физичките интеракции помеѓу луѓето, но и контактите со ПОС терминалите.
„Кога размислувавме за кампања со која ќе ја претставиме нашата мобилна апликација HalkPay, првенствено ја видовме како предизвик бидејќи плаќањето преку мобилен телефон е веќе промовирано од други две банки на нашиот пазар. Затоа знаевме: кампањата за HalkPay треба да биде поразлична, интересна, впечатлива… Веќе упатената таргет група за корисноста од овој тип услуга, треба да ја запознаеме дека сега и Халкбанк може да им понуди навистина одлична апликација за мобилно плаќање. Ова запознавање препуштувме да го направи на МcCann преку еден забавен, модерен и весел комуникациски концепт кој ќе биде забележан и прифатен, не само од таргетот, туку и од пошироката јавност. И баш е супер што сработеното креативно решение и комуникацијата немаат за цел само продажба на услугата, туку и разведрување на расположението на луѓето во овие времиња‘’, вели Маја Наумовска Савеска од Халкбанк.
HalkPay e услуга поврзана со смартфон технологијата. Во срцето на креативниот концепт е употребена техонолгија која ја прави кампањата различна, привлекува со својата форма, стил и музика, ја забавува публиката и ја доближува услугата за бесконтактно плаќање до клиентите на банката.
„Со колегите експериментиравме со AR технологијата и дојдовме до доста интересен спој на реалното и компјутерски генерираното. Така се роди и идејата да создадеме симпатични анимирани ликови кои ќе ги имаат главните улоги во рекламата, но ќе ‘глумат’ во вистински сцени од реалниот живот. Можам да кажам дека процесот беше многу интересен и навистина сме среќни што иако можеби зборувавме на јазикот на технологијата кој е до некаде и стерилен, сепак тој не нѐ спречи да раскажеме уште една убава и топла љубовна приказна“, вели Бојан Додевски, a.k.a Krojan Bojan, Concept Developer во McCann Скопје.